поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Мерките на Владата за одбрана на граѓаните од ширењето на заразата од корона вирусот, ВМРО ги смета за провоцирање тензии и конфликти меѓу населението и опасност полицијата да биде изложена во непосакувана улога.
ИВЗ категорично соопшти дека ќе има вечерни молитви во џамиите, и покрај рестрикцијата на движење и ја обвинува Владата дека е тенденциозна против муслиманите и дека со тој потег ќе изгубат гласови на претстојните избори.
ДУИ укажува на потребата да престанат “нападите” врз верските заедници, да се овозможи верниците да ги обавуваат своите обреди и државата да не се меша во одлуките на верските заедници.
Веројатно поради овие обвинувања и уцени Владата, иако премиерот тврди дека никој не е над државата, е принудена да не ја прифати препораката од Комисијата за заштита од заразни болести за продолжен полициски час и повторува дека се категорични оти мерките, препораките, одлуките и уредбите со законска сила, важат еднакво за сите граѓани, вклучително и за верските заедници.
Во Турција никој не е над државата. Таму целосниот карантин трае полни четири дена.