Турската полиција денеска уапси повеќе од 120 поранешни вработени во Министерството за надворешни работи ширум земјата поради нивната наводна поврзаност со Фетулах Ѓулен.
Турската новинска агенција Анадолија јави дека приведените претходно добиле отказ од Министерство за надворешни работи.
Единиците за борба против тероризмот спроведоа симултани акции во 30 провинции, за апсење на осомничените.
Дел од уапсените се товарат дека ја користеле „Бајлок“ апликацијата за испраќање на шифрирани пораки. Турските власти тврдат дека апликацијата ја користат членовите на мрежата на Ѓулен, кој Анкара го обвинува дека го организирал неуспешниот обид за воен удар во јули 2016 година.
Во Турција по обидот за пуч уапсени се над 50.000 луѓе, додака 150.000 се сменети или суспендирани од работното место во армијата, но и во јавниот и приватен сектор.
[divide]
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.