Од 22 јули, украинските службеници за спроведување на законот регистрирале 36.383 руски злосторства извршени од почетокот на руската целосна инвазија на Украина, пренесува Укринформ.
„Конкретно, регистрирани се 24.632 злосторства на агресија и воени злосторства, од кои 23.721 злосторства поврзани со кршење на законите и обичаите на војната, 73 – планирање, подготовка или започнување и водење на војна за агресија, 21 – пропаганда на војна, и 817 други кривични дела“, објави на Фејсбук прес-службата на Јавното обвинителство.
Исто така, регистрирани се 11.751 злосторства против националната безбедност на Украина, вклучувајќи 8.143 злосторства поврзани со нарушување на територијалниот интегритет и неповредливост на Украина, 1.422 – велепредавство, 1.632 – колаборациони активности, 99 – помагање и поттикнување на државата-агресор –1,34, други кривични дела.
Како што е соопштено, заклучно со 22 јули, 358 деца биле убиени, а повеќе од 683 деца биле ранети во Украина како резултат на целосната вооружена агресија на Русија.
Подготви: Д.Мишев