Од почетокот на руската целосна инвазија на Украина, 236 деца се сметаат за исчезнати, се огласи на Фејсбук прес-службата на Канцеларијата на Народниот правобранител , пренесува Укринформ.
„Информации од државниот портал „Деца на војната“ за пронаоѓање исчезнати деца заклучно со 6 септември 2022 година: 236 – исчезнати, 7.343 – депортирани, 5.391 – пронајдени и 55 – вратени“, соопшти Канцеларијата на Народниот правобранител.
Како што е соопштено, според Канцеларијата на јавниот обвинител, 741 дете се повредени во Украина како резултат на целосната вооружена агресија на Русија.
Подготви: Д.Мишев