• Latest

Во Западен Балкан, Северна Македонија добива најмногу помош од ЕУ по жител

November 5, 2022

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Во Западен Балкан, Северна Македонија добива најмногу помош од ЕУ по жител

November 5, 2022 09:00
in АНАЛИЗИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Заедно ќе ги надминеме предизвиците од оваа најголема криза“, порача претседателката на ЕК, откако во Скопје минатата недела беше потпишан договорот за ФРОНТЕКС на македонски јазик.

Таа е убедена дека ако земјата продолжи да ги спроведува реформите со ова темпо, ќе успее на својот пат кон ЕУ и оцени дека овој договор ќе ја зацврсти соработката и покажува дека македонскиот јазик е целосно почитуван во Унијата.

Со помошта од 80 милиони евра, ЕУ испрати порака дека земјава и Западен Балкан не се сами во справувањето со енергетската криза.

Итната буџетска помош која ќе биде достапна од јануари 2023 година, како што изјави Фон дер Лајен на заедничката прес конференција со премиерот Димитар Ковачевски, е сигнал дека ЕУ е заедно со Западен Балкан во енергетската криза и конечно ги дава тие сигнали дека почнуваат да се придвижуваат работите во смисла на евроинтеграцијата откако се отвори процесот на скрининг.

Парите, според зборовите на Фон дер Лајен, треба да и помогнат на земјата да се соочи со влијанието што зголемените цени на енергијата го имаат врз граѓаните и бизнисите.

500 милиони евра за енергетската криза

Исто така за земјите од Западен Балкан ќе бидат дополнително обезбедени 500 милиони евра преку Европскиот инвестициски план за инвестиции во обновлива енергија и енергетска ефикасност со цел намалување на зависноста од руските енергенси.

Како поддршка по жител, помошта која ЕУ ќе ја додели на Северна Македонија (43,6 евра по жител) е највисока во регионот, пред Косово (41,5 евра по жител), Албанија (28,6 евра по жител), Србија (24,3 евра по жител) и Босна и Херцеговина (20,0 евра по жител).

Според ЕУ, енергијата произведена дома ќе создава добри работни места и ќе ги  направи земјите се понезависни од руските фосилни горива, а ќе и овозможи на Северна Македонија да учествува во европската заедничка набавка на гас и течен природен.

ЕУ одлучи дека сака да купува гас на глобалниот пазар заедно со останатите земји, со што ќе се зголеми куповната моќ, а Северна Македонија ќе се приклучи кон овој пазарза да се намалат цените на гас во ЕУ но уште поважно цените на електричната енергија.

За што ќе се трошат парите на ЕУ

Земјава ќе ги искористи 80-те милиони евра од Европската унија најверојатно како директна поддршка за најранливите категории граѓани и за микро и малите претпријатија до крајот на прогласената кризна состојба до крај на април.

Според министерот за економија Крешник Бектеши, веќе се доставени предлозите до Европската комисија и се очекува одговор.

Владата пак од претходно пред две недели по брза постапка го донесе новиот антикризен пакет вреден повеќе од 360,2 милиони евра.

Сепак потребна е совест кај пратениците и под итно да се изгласаат мерки што може да им помогнат на илјадници семејства од ранливите категории, пензионерите но и малите и средни претпријатија бидејќи според претседателот на комисијата на финансирање и буџет од редовите на ВМРО-ДПМНЕ дури од понеделник може да се очекува разгледување на предложените мерки..

Со претходниот сет мерки кој се спроведуваше од првите месеци во годината вкупната вредност на таргетирани мерки до сега достигна над 760 милиони евра, a тоа значи согласно проценките на Светска банка, вкупната помош на Владата досега изнесува околу 5% од БДП.

За споредба, оваа помош во околните земји изнесува 2,5% од БДП на Србија, 2,1% во Косово, 1,4% во Албанија, 0,5% Босна и Херцеговина и 0,1% во Црна Гора.

 

Милијарда евра за енергетска поддршка и од Самитот во Берлин

 

Пакет енергетска поддршка за регионот на Западен Балкан Фон дер Лајен најави и по самитот во Берлин. Таа соопшти дека целта на самитот во Берлинскиот процес е продлабочување на економската интеграција и додаде дека пакетот енергетска поддршка за Западен Балкан во вредност од една милијарда евра ќе помогне во обликувањето на заедничката енергетска иднина.

Заедно со фотографија од средбата во Берлин, Фон дер Лајен во објава на Твитер го изрази своето задоволство што сите партнери од Западен Балкан дојдоа на самитот, една недела по нејзината посета на регионот.

-Тука сме да ја продлабочиме соработката. Почнуваме со енергија. Нашиот пакет енергетска поддршка за Западен Балкан, вреден една милијарда евра, ќе ни помогне да ја обликуваме заедничката енергетска иднина, изјави таа по самитот во Берлин.

За време на Самитот, како и за време на нејзината мисија во регионот минатата недела, претседателката најави значителен пакет енергетска поддршка од 1 милијарда евра грантови од ЕУ за да му помогне на Западен Балкан да ги реши непосредните последици од енергетската криза и да изгради отпорност на краток и среднорочен.

-ЕУ продолжува да стои зад Западен Балкан – и во добри времиња и во тешкотии. За време на пандемијата Ковид-19, мобилизиравме неспоредлив пакет од 3,3 милијарди евра за регионот и денес составуваме пакет енергетска поддршка од 1 милијарда евра за да ги заштитиме најранливите групи и да ги поттикнеме многу потребните инвестиции во диверзификација на енергијата. Ние инвестираме во економското ткиво на регионот за да напредуваме во транзицијата на чиста енергија и да излеземе позелени, посилни и поодржливи од тековната криза, изјави фон дер Лајен на конференцијата во Берлин.

 

 ФРОНТЕКС е нов чекор напред во ЕУ

Со договорот ФРОНТЕКС е направен нов чекор напред во европското единство. Овој договор на оперативно ниво ќе овозможи подобра заштита на границите, брзо распоредување на персонал и опрема на ФРОНТЕКС или на странски полициски службеници на критични точки на границите, а во случаи на ненадејно и брзо влошување на состојбата се обезбедуваат можности за сигурна и континуирана размена на информации и податоци, вклучувајќи оперативни сознанија, разузнавачки податоци, продукти од видео и воздушен надзор, сателитски снимки и слично.

Владата ги заштити најважните идентитетски прашања, порача премиерот Димитар Ковачевски.

Покрај помошта што земјата ја очекува од ЕУ, малку порано ќе стигне очекуваниот гас од Србија со што е обезбеден гас за училиштата и болниците, преку политиките на добрососедство, тесната соработка во рамки на „Отворен Балкан“.

 

Соња Танеска

 


Ќе држиме ли палци за среќа Собранието да ги изгласа антикризните мерки?

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ