ЦИВИЛ организираше јавен настан на тема „Колку сме еднакви?“ посветен на политиките и практиките за еднаквост, недискриминација и промовирањето на европските вредности во единиците на локалната самоуправа. Гостин на оваа тема беше градоначалникот на општина Гостивар, д-р Арбен Таравари.
Главното прашање на панел дискусијата се однесува на капацитетите, можностите, политиките и практиките на локално ниво во промовирањето на европските вредности, а во тие рамки и еднаквоста, недискриминацијата на локално ниво.
Настанот беше емитуван во живо, на Фејсбук страницата и на видео каналот на ЦИВИЛ.
Панелот е дел од проектот „Европски перспективи“ кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија од 1 април оваа година.