• Latest

( ВО ЖИВО) „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“ со Зоран Иванов и Зоран Тодоров

November 28, 2023
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

( ВО ЖИВО) „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“ со Зоран Иванов и Зоран Тодоров

November 28, 2023 11:03
in ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Зелената агенда, еколошките прашања и одржливиот развој се неизоставен дел од политичките програми и дел од пи-арот на институциите на државно и локално ниво се тема на денешниот панел од серијата „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“.

Учесници на панелот се новинарот Зоран Иванов и активистот и претседател на „Одбор за здрав живот“, Кочани, Зоран Тодоров.  Настанот го модерира Биљана Јордановска, координаторка на Зелен Цивил.

Зелената агенда во Северна Македонија мора да биде реална, дури и ако сме песимисти. Јас сакам во оваа пригода да кажам дека овде сум навистина во улога на еден граѓанин, кој сака да даде придонес во тоа што се вели „зелена агенда“, и се надевам дека овој зелен форум еден ден ќе стане зрел форум, особено за помладите генерации, вели Зоран Иванов.

Што се однесува до зелената агенда, Иванов вели дека е остварлива, но пресудно е нашето однесуање и свесноста.

Остварлива е. Мене само едно нешто ме плаши, ќе си земам за слобода да тргнам од мојата возраст, мислам дек во многу сектори, кога зборуваме за екологија ние како да се враќаме назад, со однесувањето, со свеста итн. Мислам дека се клучни неколку фактори. Прво – а тоа го повторувате и вие во овие тематски емисии, многу е важно домашното воспитување. Второ, нашето однесување на работа, на улица, како се однесуваат медиумите, како е тоа во маалскиот живот, што веќе го нема, однесувањето во станбените згради, каде што живееме, како се однесуваме кога ги шетаме домашните миленици, вели Иванов.

Иванов се осврна на навиките на граѓаните од минатото, и повика да се вратиме на начинот на делување првенствено во домашните средини.

„За мене, клучот е – ние граѓаните, покрај институциите, од општина до држава, сепак сме ние клучот, во свеста на граѓаните, и дека ние оној стар домаќинлук што го имаа во маалата, каде што беше навистина непријатно, дури и срамно, некој од домаќините, домаќинките, наутро да не си го исчисти дворот, и да го остави навечер со ѓубре или листови од тоа што го оставаме како отпад.

Мислам дека треба да го вратиме тој срам во нашето секојдневие“, порача Иванов.

 

Во голем дел би се сложил со Зоран Иванов, а тоа е дека свеста на граѓаните е на многу ниско ниво, и дека се што пробавме во претходниот, и ние и другите граѓански здруженија, да ја подигнат свеста – некаде вродува со плод, некаде , не. Во разговор со некои словенски здруженија, за тоа на кој начин тие даваат предлози да се подигне свеста кај граѓаните, тие рекоа – во градинките. Што значи дека треба да креираме генерации кои имаат свест за екологија и за зачувување на својата околина уште од градинка, за да можеме да добиеме свест која во иднина ќе  биде на многу повисоко ниво. Ова е кога се во прашање граѓаните, вели Зоран Тодоров.

Тодоров ги спомна големите загадувачи, и проблемот со домашниот огрев кој според него придонесува во загадувањето на воздухот.

Да не ги заборавиме и индустриските капацитети, ниту големите загадувачи, и немањето можност да направиме некои  иновативни методи за заштита пред се на воздухот. На пример, сега е актуелно загревањето на домовите, и тоа во сите градови се гледа како аномалија, тие што горат дрва и многу други материјали кои допринесуваат на загадувањето. Така што, јас мислам дека агендата треба да биде покомплексна, и дека треба вистински да биде застапена во програмите на партиите, кои на крај и треба да ја спроведат на терен.

За жал, кога се зборува за екологија, сите ќе се сетат на неа во предизборните кампањи, а подоцна малку подзабораваат, посочи Тодоров.

Панелот се пренесува во живо на Фејсбук страницата на Зелен ЦИВИЛ и на Јутуб каналот на ЦИВИЛ.

Панел –дискусијата е дел од  проектот „Зелен форум“ што Зелен ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ