• Latest

Во живо од Берлин: Доделување на награда за човекови права за 2020 година на премиерот Заев

November 16, 2020
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Во живо од Берлин: Доделување на награда за човекови права за 2020 година на премиерот Заев

November 16, 2020 16:08
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Започнува церемонијата во Берлин каде ќе му биде додадена награда за човекови права за 2020 година од страна на Фондацијата „Фридрих Еберт“ (ФЕС) на премиерот Зоран Заев, која ќе ја отвори министерот за надворешни работи на СР Германија – Михаел Рот.

Во своето соопштение, Фондацијата Фридрих Еберт, истакнува дека со наградата му се оддава признание на Заев за личната посветеност кон Договорот од Преспа и за неговите проевропски заложби за слободно и отворено општество.

„Со доделување на наградата, Фондацијата „Фридрих Еберт“му оддава признание на Зоран Заев за неговата мировна политика и склучувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија во 2017 година и Преспанскиот договор со Грција во 2018 година. Преспанскиот договор подразбираше промена на името на земјата со што се реши 27-годишниот спор за името и ѝовозможи на земјата членство во НАТО и отворање на преговорите за пристап кон Европската Унија“, стои во соопштението.

Според ФЕС, двата договори се централните обележја за подобрување на животните услови во земјата. Со неговата подготвеност да донесе разумни, но во голема мера непопуларни одлуки, Зоран Заев покажа дека тие одлуки се поважни од неговата политичка судбина.

Курт Бек, претседателот на Фондацијата „Фридрих Еберт“, особено ја нагласува заложбата на Заев за Европа, со зборовите:

„Зоран Заев се залага за слободно, отворено и социјално општество. Неговата решителна реформска политика не само што придонесеза мирот и стабилноста, туку ија доближи Северна Македонија со големи чекори кон Европската Унија.“

ФЕС не штедеше пофални зборови и признанија за Заев во своето соопштение со кое го најави добитникот на ова престижно меѓународно признание.

„Заев одигра клучна улогауште како опозициски лидер. За време на „Шарената револуција“ се залагаше за владеење на правото и мирно издејствува нови избори. Подоцна, како премиер постави нови стандарди, особено во делот на социјалната политика. Тој ја зголеми минималната плата за 60%, ги зголеми социјалните придобивки и ги подобри платите на медицинскиот персонал и докторите. После многу години авторитарен регрес во регионот, Зоран Заев лично претставува промена на насоката што им дава надеж на прогресивните сили во регионот“, стои во соопштението на ФЕС од 17 јуни 2020 година.

Шефот на германската дипломатија, Хајко Мас, при доделување на наградата за човекови права за 2020 на премиерот Зоран Заев во Берлин, меѓу другото, истакна дека тој ѝ влеа надеж на цела една генерација на која ѝ беше доста од национализам.

„Драг Зоран, ти си влевател на надеж на една цела генерација на која им беше доста од национализам и со политика која беше конфронтирачка и насочена кон минатото отколку кон иднината. Ти стана предводник на едно национално единство и врската со Европа. Ти ја зајакна правната држава и се бореше за независно судство, корупција, донесе достоинство… И тоа беше првиот чекор на патот до Европа. Ти си влевател на надеж во многу нерешени конфликти на овој свет. Чест ми е да ја врачам наградата на еден реформатор, далекуглед политичар и, пред сè, Европеец“.

Наградата за човекови права на Фондацијата „Фридрих Еберт“ беше доделена за првпат во 1994 година, основана од наследството на брачниот пар од Хамбург, Карл и Ида Фајст.

Џабир Дерала, ЦИВИЛ, за специјалната програма по повод наградата за човекови права за Зоран Заев, 2020 година, во Берлин.

По покана од домаќините, Џабир Дерала од ЦИВИЛ, подготви видео за борбата на активистите и на Зоран Заев за создавање на општество ослободено од стегите на еден режим и за борбата за човекови права и европска иднина на земјата. Тој покани истакнати претставници во граѓанското општество и учесници во настаните што донесоа промена, Ирена Стеријовска, Зоран Иванов и Петрит Сарачини. На церемонијата, Дерала ги воведе и високите претставнички и претставници на ЕУ и Германија, како и поранешниот грчки премиер, Алексис Ципрас.

https://civilmedia.mk/wp-content/uploads/FES-Human-Rights-Award-to-Zoran-Zaev-November-16-2020-Copy-1.mp4

„Се чувстувам благородно и благодарно, но истовремено и скромно примајќи ја денешната престижна награда на Фондацијата Фридрих Еберт. Фондација која има стогодишно искуство, посебно на полето на  промовирање на слообдата, едноаквоста и солидарноста. Ова се демократски вредности кои градеа и продолжуваат да градат цивилизациски придобивки, сок рајна цел, планетарна добробит, одржливост, безбедност, транспарентност и бескомпромисна борба против на секој еден никулец на авторитаризам. Тоа поттикнување на искажување на слободната волја и градење на едно општество за сите без разлика дали зборуваме локално или глобално. Оваа награда, која е создадена на иницијатива на високо почитуваните Карл и Ида Фејст и која е инспирирана од нивната дологогодишна борба и поддршка за правата на работниците и нивното движење е комплементарна со мојата лична филозофија живот за сите, еднаквост за сите, дијалог пред сè, конфликт никогаш“, изјави Заев по добивање на наградата.

За време на посетата на Германија, покрај примањето на престижната награда, премиерот Заев, придружуван од министерот за надворешни работи Бујар Османи, имаше и работни средби со министерот Рот, со ко-претседателот на Социјал-демократската партија на Германија Норберт Валтер – Борјанс и со пратенците Нилс Шмид од СПД и Јурген Харт од ЦДУ/ЦСУ.

Подготвија: Б. Јордановска, Ф. Петровски

Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ