Шефот на германската дипломатија, Хајко Мас, при доделување на наградата за човекови права за 2020 на премиерот Зоран Заев во Берлин, меѓу другото, истакна дека тој ѝ влеа надеж на цела една генерација на која ѝ беше доста од национализам.
„Драг Зоран, ти си влевател на надеж на една цела генерација на која им беше доста од национализам и со политика која беше конфронтирачка и насочена кон минатото отколку кон иднината. Ти стана предводник на едно национално единство и врската со Европа. Ти ја зајакна правната држава и се бореше за независно судство, корупција, донесе достоинство… И тоа беше првиот чекор на патот до Европа. Ти си влевател на надеж во многу нерешени конфликти на овој свет. Чест ми е да ја врачам наградата на еден реформатор, далекуглед политичар и, пред сè, Европеец“.