Со дваесет говорници во извонредно динамична четиричасовна агенда, започна конференцијата на ЦИВИЛ под наслов „Перспективи 2021“. Главното прашање на Конференцијата е: Кои се очекувањата, препораките и прогнозите за Северна Македонија во претстојната година?
ЕУ интеграции, попис, избори, образование, борба против Ковид-19 и вакцинација, реформи, правда, антикорупција, борба против дезинформациите, технологии и иновации – се дел од темите што ќе бидат опфатени во говорите на 20-те учесници на конференцијата „Перспективи 2021“.
Конференцијата можете да ја следите и на следникот ЛИНК.