• Latest

ВО ЖИВО! ЦИВИЛ доделува награди за граѓанските новинари

February 13, 2016

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

ВО ЖИВО! ЦИВИЛ доделува награди за граѓанските новинари

February 13, 2016 12:47
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ- Центар за слобода, го започнува настанот за доделување на награди на петте најдобри видео и фото материјали, кои беа подготвени од граѓанските новинари. Доделувањето на наградите е дел од проектот: “Граѓански објектив”. 

Присутни на денешниот настанот се учесниците на семинарите, како и дел од предавачите. Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала го претстави проектот и комисијата составена од тројца членови кои се дел од тимот на ЦИВИЛ и ЦИВИЛ Медиа.

DSCN5018
Бранко Героски (десно)

Во моментов, пред присутните се обраќа новинарот и уредник Бранко Героски, според кого проектот  “Граѓански објектив”, има голем потенцијал на направи промена во развојот на македонското новинарство, кое во моментов е на најниско ниво, во последните 35 години.

По обраќањето на Героски, се обрати и актерот Перо Арсовски, кој зборува за позитивната улога на ЦИВИЛ во општеството, “која е тип на невладина огранизација каква што тој замислува дека треба да биде.”

“За да се зборува за ЦИВИЛ, треба да се напише една книга”, изјави гостинот од Липково, еден од учесниците на скопскиот семинар, кој ја поздрави работата на ЦИВИЛ.

Граѓанските новинари кои се ангажираа во проектот „Граѓански објектив“ испратија повеќе информации и стории, како учесници во натпреварот „Биди граѓански новинар!“. Голем дел од текстовите, фотографиите и видео-материјалите сведочат за партиски злоупотреби и притисоци низ целата земја.

DSCN5044
Четврта награда за Билјана Милановска

Започнува доделувањето на наградите! Во моментот, Дерала ја доделува едната од двете награди за четврто место за трудот: “Оти ЦИВИЛ нема во Америка”. Авторката Билјана Милановска, реши да се претстави пред гостите на настанот и да не биде анонимна:  “Видеото е премногу добро за да се остане анонимен”, изјави Милановска, пред да ја подигне наградата.

Четвртата награда е за текстот: “Владиката Агатангел вдахновен од власта”. Граѓанскиот новинар, автор на фото веста е Димче Велев од Велес.

Третата награда жири комисијата на ЦИВИЛ ја додели на Божидар Барлакоски  од Прилеп, за текстот кој ЦИВИЛ веќе го објави на својата веб страна: “Прилеп: Партиска пропаганда и манипулација со малолетници”.

Граѓанската новинарка Тања Кангалова од Штип, е добитник на втората награда, за видео материјалот: “Немам доверба во никого”

Првата награда ЦИВИЛ ја доделува за видео материјалот: “Конвој автобуси за унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ”, кој е веќе објавен на веб страницата на ЦИВИЛ. Авторката на оваа содржина одлучи да остане анонимна.

“Остануваме доследни на тоа што досега сме го правеле, а тоа е да бидеме израз на граѓанската вoлја на граѓаните и граѓанките,  кога тоа најмногу им треба.”, со оваа порака Џабир Дерала го затвори денешното доделување на наградите, и ги повика граѓанските новинари и новинарки да продолжат да испраќаат видео и фото содржини, во рамки на натпреварувачките циклуси на конкурсот “Биди граѓански новинар” .

Tags: Биди граѓански новинарвидео содржининаградиЦивил – Центар за слобода
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ