Во Женева денеска ќе се одржи донаторска конференција за Јемен по иницијатива на ОН, Швајцарија и Шведска кои сакаат да привлечат внимание на тешкотиите со кои се соочува локалното население.
Учесниците на форумот се очекува да објават колкави износи ќе доделат за хуманитарните потреби на Јемен.
Во јануари ОН ја повика светската заедница да обезбеди 2,96 милијарди долари. Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања посочи дека хуманитарната ситуација во Јемен продолжува да се влошува и сега на 22,2 милиони Јеменци или 75 проценти од населението им е потребна помош, што е 3,4 милиони луѓе повеќе од минатата година.
Од август 2014 година, во Јемен има конфликт меѓу властите и бунтовниците хуси.
извор: МИА