Зборувајќи за „саботажа“ од украински учители во окупираните области на регионот Запорожје, пропагандистот Сергеј Мардан предложи Русите да прибегнат кон тортура и убиства на Украинци, како и да изградат работен логор од типот Гулаг за пркосните учители. Соодветното видео од радио емисија на руското радио Комсомолскаја Правда е достапно на ЈуТјуб, пишува Guildhall, пренесува Укринформ.
„Саботажата во почетниот период беше тотално на сите нивоа. Шефот на главното комунално претпријатие Чистота ги уништи сите електронски контролни единици, што е единствената опрема, како што разбирате, и нема резервни делови“, рече гостинот , претставник на окупациската администрација, во радио емисијата.
Водителот праша дали имаат време да го „пукаат“ споменатиот човек или барем „да го фатат неговото семејство“.
„Најважно, оние кои треба да бидат застрелани се украински наставници кои одбија да работат според руската училишна програма“, рече гостинот на емисијата.
„Од 1 септември ќе се забележи тажна ситуација: половина од наставниците одбиле да работат. Овие наставници добиваат пари во картичките на Приватбанк од првата линија. Еднократната исплата за неодење на работа во „московските“ училишта е 1.000 долари , а од Украина добиваат и по околу 200 долари секој месец. Тие преку учење на далечина се подготвуваат да ги научат децата на „јазикот на славејот“ (украинскиот – уред.) и уникатната историја на државата Украина“, рече гостинот.
Она што го предложи презентерот беше да се потсети на искуството на Нејтан Френкел (еден од основачите на Гулаг) и да се формира мал работен логор Гулаг со седиште во Запорожје за наставници кои „никогаш не научиле да ја сакаат нашата татковина“.
Претходно, Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина извести за специјални центри за „регрутирање“ кои беа отворени во окупираните делови на јужна Украина за да ангажираат соработници. Тие би морале да учествуваат на „спонтани масовни собири“ за поддршка на таканаречениот „референдум“ за пристапување во Руската Федерација.
Подготви: Д.Мишев