пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
Во 1938-ма, режисерот и актер Орсон Велс на националното радио ЦБС го изведе легендарниот драматизиран пренос „Војната на световите“, во кој актери преку лажни вести „известувале“ за напад на Марсовците врз Њу Џерси. Илјадници луѓе помислиле дека се работи за вистински напад, некои излегле со оружје да ги бранат своите домови, некои бегале во паника и страв, барале засолниште…
Преносот покренал вистинска лавина на негативни реакции во американската јавност кон смелиот уметнички потег, за кој Велс и неговите колеги се подготвувале подолго време.
И кај нас можеби некој деновиве се обидуваше преку лажни вести да режира „војна на црешите“. Но, не од уметнички, туку од тенденциозни политички пориви – да се прикажат институциите во негативно светло. Следствено на тоа и резултатот. „Војната на црешите“ заврши неуспешно, пред да започне.
Затоа што денес не сме 1938ма, туку 2019та, затоа што граѓаните се далеку од глупави и лековерни особено после долгогодишниот тренинг со фабриката за алуминиум на Грујо, а богами и затоа што – далеко је Орсон Велс.
#AluminiumOverMaximum
#WarOfTheWorldsOdNashiotSokak