„Новата година ќе биде обременета со она што го наследивме од 2020, пандемијата, државните мерки, личните наши дисциплини, начинот на кој што сето тоа го восприемаме, не е никаква поголема памет човек да каже дека интензивноста е на повисоко ниво, нервоза во општеството, како ги примаме вестите, но сосема е разбирливо, не е само кај нас, туку секаде во светот“, истакна новинарот Војо Маневски на „Перспективи 2021“.
„Покрај борбата против пандемијата, на економски план очекувам вистинското скенирање на состојбата во нашата економија да биде некаде на истекот од првиот квартал, бидејќи ние и официјално сме во рецесија. Ќе биде на преиспитување и економскиот модел кој досега го имавме како преовладувачки, а тоа е базирањето на потрошувачката. Економистите велат дека ние ќе имаме раст од два отсто и да немаме крупни вложувања во индустријата, но тоа тие ќе го кажат. Очекувам веќе во вториот квартал да се види што е тоа што останало здраво во економијата во кое може да се инвестира, а што е она што се одржало, но тешко дека ќе може да се ревитализира“, изјави Маневски.
„Стартуваме од ниска позиција. кога си во рецесија растот е од пресметката од минатата година, така да za плановите на Владата ќе кажат економистите, но ќе имаме скок. Полнењето на Буџетот ќе биде проблематичен, но она што го слушаме од Владата како можност за дополителни средства за ликвидноста на државата е продажбата на земјоделското земјиште, што може да доведе до акумулација на средствата.
Сметам дека идната година. иако има песимистички прогнози, јас сметам дека ќе биде година на реформи, тие се нужност. Ако не го реформираме судството, на пример, нема да имаме странски инвестиции.
На економски план не очекува тоа што и сите земји околу нас, што помали штети да претрпиме“, додаде Маневски.
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети