• Latest

„Војводи“ против „Балисти“ – Инцидентите на пауза, омразата продолжува

November 9, 2018

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026

Протести против насилството врз жените во Охрид и Скопје, обвинение за нападот во Битола – граѓаните бараат заштита и одговорност

November 21, 2026

Граѓански форум за викенд: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

November 21, 2026

Украина го одбележува Денот на достоинството и слободата – ЦИВИЛ организира настан „Украина: Силна и слободна“

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026

Ден на Достоинството и Слободата: патот на Украина кон демократијата и европската иднина

November 21, 2026

Случајот „Северен тек“: Хрватска пред тестот на правдата

November 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Војводи“ против „Балисти“ – Инцидентите на пауза, омразата продолжува

November 9, 2018 11:00
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Инцидентите помеѓу навивачките групи на Тетовските фудбалски клубови „Шкендија“ и „Тетекс“ – „Балисти“ и  „Војводи“ престанаа, и од минатата недела до денес, не се регистрирани нови случаи. Сепак, омразата и нетрпеливоста помеѓу овие две навивачки групи продолжува и понатаму, и е далеку од надминување. По средбата со МВР, двете групи истапија со свои ставови за настанатата ситуација.

„Војводите“ реагираа први, со соопштение на нивната страница, и остри реакции кон порталите кои известиле дека „Војводите“ им пружиле рака на помирување на „Балистите“. Тие бараат од сите медиуми да го објават нивното соопштение во кое меѓу другото, се вели:  „На некои порталите и медиуми како и претходниве денови така и вчера се раширија тешки дезинформации, невистини и поради таа причина сакаме да ве информираме дека ние како навивачка група ВОЈВОДИ, НЕ СМЕ поддале рака на навивачите на Шкендија за помирување и за смирување на целата ситуација.“ Како една од причините за непомирување со „Балистите“, навивачката група на Тетекс го наведува името на навивачката група на „Шкендија“ – „Балисти“ за кое велат дека е навредливо за секој Македонец, бидејќи е поврзано но нивната историја и поттикнува ораза и нетрпеливост.

„ Трета причина за која нема да подадеме рака е името на таа навивачка група кое треба да се забрани затоа што кога сме веќе кај поттикнување на меѓуетничка нетрпеливост тоа нивно име поттикнува омраза и револт кај секој Македонец бидејќи имаат име поврзано со нашата историја, кое е не достојно и провокативно, а потоа и на секој нивни натпревар сме сведоци на понижување на македонскиот народ, македонското девојче и држава и како и во неделата така и секој друг натпревар се скандираа и вадат пароли за “Голема Албанија” за кои полицијата секогаш е слепа и глува и никогаш не интервенирала дури и во случаи и кога се палело македонското знаме.“- се вели во дел од соопштението на Војводите.

Од навивачката група на фудбалскиот клуб „Шкендија“, во изјава за ЦИВИЛ Медиа и Дрејт по инцидентите од минатата недела, велат дека немаат намера да се занимаваат со нив. Сепак, водачот на навивачката група, Исак Лума, изјави дека сака да испрати две пораки до  членовите од „Војводи“.

„Нема да  правиме маркетинг на врста во исчезнување. Што се однесува до подавање рака за помирување, едноставно е : Стариот непријател не бидува нов пријател“, порача Исак Лума, водачот на „Балисти“.

Од Министерството за внатрешни работи сè уште нема став за процесираните случаи од инцидентите за време на марширањето на навивачките групи  на  2, 3 и 4 ноември во Тетово.

Арбен Зеќири

обработка: Д. Тахири

Share4TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ