• Latest

Вонредна контрола на Клиниката за детски болести и во болницата Козле по смртта на 14-месечното бебе, Таравари бара одговорност, опозицијата бара оставка од министерот

October 7, 2024

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Вонредна контрола на Клиниката за детски болести и во болницата Козле по смртта на 14-месечното бебе, Таравари бара одговорност, опозицијата бара оставка од министерот

October 7, 2024 20:29
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Државниот санитарен и здравствен инспекторат денес рано утрово влезе во Клиниката за детски болести и во болницата Козле каде започна со вонредни контроли за обезбедување на  потребната документација за истрагата, која треба да утврди дали има лекарска небрежност во случајот со смртта на 14 месечно бебе за кое родителите тврдат дека починало поради негрижа од овие институции кои не го третирале бебето според протоколите.

Бебето пред два дена, откако, како што изјавија родителите, три пати било одбиено за хоспитализација на Клиниката за детски болести, под изговор дека бебето е во добра здравствена состојба, било испратено во Козле, а по влошувањето на здравствената состојба со возило на Брза помош било испратено на рехабилитација на Детската клиника каде починало..

Министерот за здравство, Арбен Таравари кој вчера потврди дека детето кое почина на Детската клиника претходно било одбиено да се хоспитализира и истакна „некој мора да сноси одговорност кога има вакви трагични случаи во здравствениот систем“ ., денес истакна дека утринава имал состанок со директорот на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Првиот состанок утрово беше со директорот, екипата веќе е на терен. Комисијата веќе е формирана и се наоѓа на работа, на терен за да ги испита сите факти и аргументи, изјави Таравари.

Тој потврди дека инспекторите на ДЗСИ и на Комисијата која е формирана од негова страна веќе од 9 часот се во двете болници во Скопје.

Опозициските СДСМ и Европскиот фронт побараа расчистување на случајот во транспарентна истрага, одговорност и оставки.

За СДСМ е крајно вознемирувачка  потврдената информација дека на бебето му било одбиено хоспитализација.

Ова е втор трагичен случај за една недела во здравствените установи. СДСМ бара подлабока анализа и целосна транспарентност во процесот на утврдување одговорност. Мислењето заслужува да знае каде се направени неуспесите“, велат од СДСМ.

Европскиот фронт ги повика на одговорни министерот Таравари и директорот Реџеп Мемеди, барајќи нивна оставка.

„Апелираме, Арбен, оди, оди, ослободи ги Албанците и не ги земај на врат, ти ги загуби изборите и таму си како миленик на Мицкоски и на ВМРО. Историјата ќе те памети како вазал и неспособен. ДУИ бара од надлежните морална одговорност за предметниот случај и целосна истрага“, додаде пратеничката Дијана Тоска.

М. Д.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Арбен ТаравариДСЗИевропски фронтистрагаМИнистерство за здрваствопочинато 14 месечно бебеСДСМ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ