• Latest

Вонредна состојба, ден 21: Преку механизмите на НАТО до помош за земјава, 18 нови случаи на КОВИД- 19, тројца починати, полициски час од 16 часот до 05 часот наутро…

April 8, 2020

Естонија е подготвена да испрати мировници во Украина

August 22, 2025
Фото: МИА Архива

Илјадници Италијанки жртви на сексуално насилство: Група на Фејсбук споделувала интимни фотографии на жени снимени без нивно знаење

August 22, 2025

Гутереш: Ситуацијата во Појасот Газа е „катастрофа предизвикана од човекот“

August 22, 2025
Обновливи извори на енергија

Албанија пред Норвешка и Данска – европски шампион во обновлива енергија

August 22, 2025
Фото: Претседател на Украина

Руте од Кијив: Работиме на безбедносни гаранции за Украина за да спречиме повторен напад од Русија

August 22, 2025

24 ЧАСА: ДИК пресече – познат бројот на општински советници; ОН ја осудија бруталноста на српската полиција; Палестинците го предаваат оружјето во бегалски камп во Бејрут; ЦИВИЛ отвори повик за изборни набљудувачи

August 22, 2025

ДИК го усвои Регистерот на медиуми за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

РЕАКЦИИ: Приватното здравство – спас или профит на сметка на граѓаните?

August 22, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Високиот комесар на ОН ја осуди неоправданата употреба на сила од страна на српската полиција на протестите

August 22, 2025
Фото: Д. Мишев / Цивил Медиа

ДЗР: Просечна нето плата за јуни изнесувала 45.468 денари

August 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Вонредна состојба, ден 21: Преку механизмите на НАТО до помош за земјава, 18 нови случаи на КОВИД- 19, тројца починати, полициски час од 16 часот до 05 часот наутро…

April 8, 2020 17:08
in ДНЕВНИК, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вест на денот: Министерот за надворешни работи, Никола Димитров иницирал заедничко писмо со министрите за надворешни работи од регионот, Западен Балкан да биде изземен од посебниот режим за извоз на заштитни маски и  скафандери.

„НАТО преку својот механизам за помош на некој начин има улога на координативен центар меѓу барањата и потребите на земјите членки и тие што можат да овозможат помош, преку мехнизмот овозможуваат. Нашата прва стигна од Норвешка, механички респиратори, а денеска попладне во Скопје ќе слета турски авион со помош оттаму. Претходно Унгарија, Словенија, САД, Холандија дадоа помош во здравствениот систем. ЕУ излезе со пакет од 400 милиони евра за Западен Балкан, околу 70 милиони за нашата држава, за економските последици“, изјави министерот за надворешни работи во Утрински брифинг.

Министрите во рамките на НАТО зборуваа и за борбата против лажните вести, а Димитров побара будност и внимателност од граѓаните бидејќи во вонредна состојба, плодно е тлото за ширење на лажни вести.

„Литванија понуди конкретна помош, една од државите кои има искуство при справувањето со лажните вести…не е едноставно справувањето со овој феномен, бара будност и внимателност кај граѓаните, институциите, новинарите. Не се што ќе прочитаме е точно, мора да се препровери особено во ваква една вонредна состојба кога е плодно тлото за лажни вести. На пример денот кога САД го ратификуваше Протоколот за Северна Македонија, на социјалните мрежи имаше разни небулози околу 5Г мрежата, некаков обид да се покрие убава вест“, посочи Димитров.

„Никој не знае колку точно ќе трае пандемијата и мислам дека со тек на време ќе се зголеми и солидарноста. Овој вирус не можеме да го стопираме во една држава и така да го прекинеме. Ќе мораме како регион, континент и човештво да си помагаме за да ставиме точка на оваа вонредна состојба. Ги зајакнуваме домашните капацитети за заштитни маски. Ако ги задоволиме нашите потреби, зошто да не помогнеме и надвор“, изјави министерот.

 

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ:

Билатералните односи со соседна Бугарија, односно развивање на пријателството и оттргнување на сите идентитетски предизвици, ќе бидат последниот процес од затворањето на македонското прашање, смета министерот за надворешни работи Никола Димитров.

„Последниот процес од затворање на македонското прашање ќе бидат билатералните односи и развивање на пријателството со Бугарија, на начин да ни ги тргне сите идентитетски предизвици. Процесот почна со Договорот за добрососедство и од наша и од нивна перспектива мора да се почитуваме вредностите на другиот. НАТО членството вели дека ќе има држава на оваа територија, а почетокот на ЕУ ќе ни помогне да си ја средиме куќата дома и со средување на односите со Бугарија, ќе завршиме суштинска и историска мисија“, изјави Димитров.

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА, ДЕН 21

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина едно лице од Куманово на возраст од 73 години. Во неговиот стан во Кавадарци е пронајдено починато лице на возраст од 44 години, кај кого посмртно е земен брис, преку кој вчера е потврдено присуство на вирусот. Во денешната статистика е вброен и пациентот кој вчера почина на пат кон болницата „8 Септември“.

„Денеска попладне почина родилката позитивна на Ковид-19 од Куманово на 27 години. Таа на 30 март на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје роди недоносено машко новореденче, негативно на вирусот“, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје денеска се испишани 5 оздравени пациенти, кои по два негативни контролни бриса, во добра општа состојба заминуваат дома. На оваа Клиника примени се 4 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 66 пациенти, од кои 7 пациенти се на механичка вентилација.

Во болницата „8 септември“ примени се 4 нови пациенти со сомнение на коронавирус. Вкупната бројка на позитивни и суспектни на КОВИД-19 во оваа болница е 26 пациенти, од кои 8 се во тешка состојба, а 3 пациенти се на респираторна машина.

Во болницата во Штип нема нови примени пациенти на болничко лекување. Во моментов се хоспитализирани 4 пациенти, од кои 1 пациент со средно –тешка клиничка слика со пневмонија и 3 стабилни.

Во болницата во Битола исто така нема прием на нови пациенти. Во моментов 4 пациенти кои се на хоспитален третман се стабилни.

Во изминатите 24 часа, регистрирани се 18 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје – 7, Куманово – 2, Прилеп – 4, Битола – 2, Кавадарци -1 (починатиот), Крушево – 1 и Кочани -1. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 617 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во:

Скопје – 261

Куманово – 130

Дебар – 49

Штип-20

Прилеп – 38

Тетово – 29

Струга – 28

Велес – 10

Битола – 8

Охрид – 3

Кавадарци – 3

Гостивар – 4

Гевглелија – 4

Струмица – 2

Крива Паланка-3

Радовиш – 4

Крушево – 3

Кочани – 18

Во изминатото деноноќие направени се 351 тест. Досега во земјата се направени 6.230 тестирања на КОВИД-19.

*

Забраната за движење на населението на територија на целата држава, од денеска почнува во 16 и завршува во 5 часот наутро во работните денови. Во деновите од викенд (сабота и недела) ќе има целодневен полициски час за сите граѓани, односно од 16 часот во петок до 5 часот во понеделник.

Согласно одлуката на Владата, лицата над 67-годишна возраст од денеска можат да се движат надвор само од 10 до 12 часот од понеделник до петок, а младите до 18 години во работни денови ќе може да излезат од дома само од 13 до 15 часот.

На јавни места е забрането движење на повеќе од двајца граѓани во групи, освен ако се работи за родител со свои деца кои имаат до 14 години. За земјоделските активности, дозволено е движење во територијата на селата и тоа само за работни потреби.

Забраната не важи за полицијата, армијата, здравствените работници, како и за маркетите и рестораните кои се доставувачи на производи. Аптеките ќе работат непречено.

*

Владата на Република Северна Македонија на денешната 38-ма седница на предлог на Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика дозволи посебен режим на движење за лицата со попреченост.

За овие наши граѓани нема да важи забраната за движење во периодот од 19:00 до 20:00 часот, од понеделник до петок, а во деновите на викенд од 11:00 до 13:00 часот.

Оваа мерка за дозвола на движење за лицата со попреченост се однесува и на лицата што ги придружуваат овие граѓани за време на дозволеното движење во наведените временски периоди.

*

Во изминатите 24 часа  на ниво на целата држава 35 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 19 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, велат од МВР.

 

ФЛЕШ ВЕСТИ

Владата денеска ја донесе Уредбата со законска сила за примената на Законот за извршување на санкциите за време на вонредна состојба, согласно која се одлага извршувањето на упатните акти за извршување на казната затвор на лица осудени на казна затвор до три години и тоа до 01 септември 2020 година, освен за предметите каде постои опасност за застарување на казната. Исто така, до 01 септември 2020 година се одлага извршувањето на упатните акти кои се веќе доставени до казнено-поправните установи, освен за упатните акти за кои се веќе издадени меѓународни потерници. Додека, лицата кои се наоѓаат на издржување на мерка притвор по правосилноста на пресудата веднаш се упатуваат на издржување на казната затвор. Предлог Уредбата се донесува заради заштита од ширењето на болеста КОВИД-19 (корона вирус) во казнено-поправните установи.

*

Денеска во 18:00 часот, преку онлајн стрим на видеосесија „КОВИД-19, прашања и одговори за полицискиот час“, Владата на Република Северна Македонија ќе ги информира граѓаните и медиумите за сите детали поврзани со новите рестрикции на движењето на граѓаните на ниво на целата територија, кои почнуваат од денеска.

Видеосесијата ќе се емитува на јутјуб каналот на Владата, како и на фејсбук страниците https://www.facebook.com/koronavirus.gov.mk и https://www.facebook.com/VladaMK.

*

Продолжен е притворот на двајцата насилници на возраст од 23 и 26 години, кои во јануари брутално тепаа 20-годишна девојка, а насилството го снимаа на мобилен телефон.

*

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија денеска се обрати до јавноста по повод Меѓународниот ден на Ромите.

*

ДКСК и Платформатa на граѓански организации излегоа со соопштение за своите активности во во време на пандемијата на КОВИД-19.

 

Во соопштението наведуваат дека нивните активности се насочени кон:

  1. Следење на содржината, транспарентноста и отчетноста во реализацијата на уредбите со сила на закон и мерките што Владата и институциите ги носат во овие вонредни услови, а особено на оние кои вклучуваат трошење на буџетски средства и, користење на донации и слично, a во насока на заштита на здравјето на граѓаните и економската состојба на земјава.
  1. Поддршка на граѓаните и институциите во пријавувањето и навременото откривање на можни недоследности и незаконитости во постапувањето на државните и локални власти, како и на поединци и субјектите во јавниот сектор.

Службените лица и субјектите од јавниот сектор да ги почитуваат начелата на законитост, интегритет, еднаквост, јавност, етичките норми и професионалните стандарди при извршување на своите јавни овластувања и должности. Во согласност со овие начела службените лица:

– не смеат да ја користат функцијата, јавното овластување, службената должност и положба за извршување на дејствие што согласно законските прописи е забрането, односно не смеат да дозволат пропуштање на дејствие кое се задолжени да го извршат;

– не смеат да го подредат своето професионално извршување на својот личен интерес, ниту на интересот на друго лице;

– должни се да го почитуваат јавниот интерес и да постапуваат без дискриминација или повластување на било кого;

– не смеат да се раководат од лични, семејни, верски, партиски и етнички интереси, ниту од притисоци и ветувања од претпоставениот или од друго лице.

*

На предлог на Министерството за правда, Владата денеска донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за судска служба за време на вонредна состојба, со која вработените во судска служба кои се работно ангажирани за времетраењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус КОВИД-19, неискористениот дел од годишниот одмор од календарската 2019 година може да го искористат до 31 мај 2020 година, согласно потребите на работниот процес и врз основа на одобрение од претседателот на судот.

На вработените во судска служба кои се ослободени од извршување на работа и работни задачи, согласно мерките за заштита од ширење и превенција од коронавирус КОВИД-19, неискористениот дел од годишниот одмор од календарската 2019 година им се смета за искористен.

Истите овие одредби за користење на годишниот одмор, Владата ги донесе и во Уредбата со законска сила за примена на Законот за јавнообвинителска служба за време на вонредна состојба.

*

Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека ќе испрати стотина заштитни одела за медицинските лица во Северна Македонија.

 

СЛОБОДНА ЗОНА

„Ќе ни кажувал нам Филипче дома да сме седеле, вака било, така било! Мене татко ми дома не ме додржал, па не некоја корона таму – ти да седиш дома, суртук еден, јас и ако се гине, сакам слободен да умрам, утре да не ме заебава кој како ќе стигне! Што е, што ме гледаш?!…

И такви некои слични итромански глупости. Ма, што знаат Норвежани што е имунитет со пензионерско гнетење пред банка!, пишува Сашо Орданспоски во денешната колумна „И такви некои итромански глупости…“

„Општото мислење дека на Ромка/Ром им требаат помалку пари отколку на другите, и за тоа дека тие се предодредени за слугување и однесување кон нив како кон некоја подврста луѓе, со честитки еднаш годишно за денот на Ромите, а другите денови се само Цигани таму во Шутка и кај касарната и по улици и само перат и влечкаат старудии со колички, чистат по домовите на белците и ако нешто недостига дома тогаш по автоматизам се и крадци, е заради немање волја ниту желба да се запознаат подлабоко, бидејќи така е полесно“, пишува Дијана Тахири во колумната „Честитка“ за Меѓународниот ден на Ромите.

 

Дијана Тахири во соработка со Биљана Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ