• Latest
Фото: Фејсбук

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) Руските војници убиле деветчлено семејството во окупираната Волноваха откако одбиле да им ја дадат куќата

October 31, 2023

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) Руските војници убиле деветчлено семејството во окупираната Волноваха откако одбиле да им ја дадат куќата

October 31, 2023 10:35
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Фото: Фејсбук

Фото: Фејсбук

Share on FacebookShare on Twitter

Руските војници во окупираната Волноваха, Донецка област, влегле во дом и убиле девет цивили, меѓу кои три жени и две деца, на возраст од пет и девет години, објави обвинителството на Донецката област на 30 октомври.

Како што пренесува Кијив индипендент, според прелиминарната истрага, руски војници се приближиле до домот неколку дена претходно и побарале жителите да ја напуштат куќата за да можат да престојуваат таму. Жителите одбиле иако руските војници им се заканувале, а војниците си заминале.

Тие се вратиле на 27 октомври, соопшти Обвинителството и ги застрелале сите девет членови на семејството додека спиеле.

Истрагата сé уште е во тек, соопшти Обвинителството. Доколку бидат прогласени за виновни, одговорните за убиствата би можеле да се соочат со максимална казна доживотен затвор.

Волноваха, лоцирана на околу 65 километри од окупираниот Мариупол и брегот на Црното Море, е окупирана од руските сили веднаш по почетокот на целосната инвазија.

Во март 2022 година имаше тешки борби, предизвикувајќи непотврден број цивилни жртви и оштетувајќи го најголемиот дел од зградите во градот.

Како што пренесува Кијив индипендент, рускиот истражен комитет тврди дека двајца руски војници биле уапсени на 30 октомври во врска со убиството на сите девет членови на едно украинско семејство во окупираната Волноваха, Доњецка област.

Двајцата војници се идентификувани како договорен персонал од Далечниот Исток на Русија, се вели во извештајот.

Соопштението на рускиот Истражен комитет ги потврди основните факти на случајот, имено бројот на загинати, но не ги спомна другите детали за убиствата наведени во украинскиот извештај.

Русија постојано негираше дека нејзините сили вршат злосторства во Украина.

Руски војник призна дека убил украински цивил во регионот на Кијив на почетокот на целосната инвазија и беше уапсен од руските власти – не за убиството, туку за ширење „лажни вести“ за војната. Во извештајот на сибирскиот сервис на Радио Слободна Европа/Радио Слобода во март 2023 година се вели дека судот во рускиот град Хабаровск му одредил на војникот условна казна од 5,5 години.

Д. Мишев

Tags: окупирани териториируска агресија врз Украинаруски воени злосторстваубиени цивили
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ