Шестата седница на Советот на општина Василево само што почна и веднаш заврши.
Седницата, што се одржа вчера, беше прекината уште на самиот почеток пред усвојувањето на дневниот ред. Причина е неусогласените ставови на советничките групи околу дополнувањето на дневниот ред со нова точка, со која се предлага престанок на мандат на член на Советот и верификување на мандат на член на Советот од редовите на Коалицијата на СДСМ.
Ставот на Советничката група од Коалицијата на ВМРО ДПМНЕ беше дека треба да има две посебни точки на дневниот ред, а не една како што беше предложено. Откако нивниот предлог не беше усвоен, советниците од Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ ја напуштија седницата.
Продолжението на седницата дополнително ќе биде закажано.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.