Вкупната количина на воден талог локално ќе надмине 30л/м2. Попладне облачноста делумно ќе се намали и врнежите постепено ќе престануваат. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец.
Дневните температури ќе бидат во Скопје и Охрид 5 Целзиусови степени, Маврово 0, Крива Паланка и Берово 3, Битола 4, Кавадарци 7, Гевгелија 8 степени.
Утре времето ќе биде облачно со врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.Дневните температури ќе бидат во Скопје и Битола 2, Маврово и Берово -2, Охрид 3, Кавадарци 4, Крива Паланка 1, Дојран 6 степени.