• Latest

Врвните универзитети до Трамп: Вашата наредба го згаснува американскиот светилник на слободата!

February 17, 2017

Русија повторно ја нападна украинската железница: двоен удар врз патнички воз во Запоришката област

July 18, 2026
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Врвните универзитети до Трамп: Вашата наредба го згаснува американскиот светилник на слободата!

February 17, 2017 16:28
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на Асоцијацијата на американските универзитети Мери Сју Колеман напиша отворено писмо до претседателот Доналд Трамп, кое со потписи го поддржаа 48 претседатели на американски универзитети, меѓу кои се и  Харвард, Принстон, Станфорд, Колумбија, Тафт, Дјук, Џон Хопкинс…  Во писмото се предупредува на штетата која за САД и за американското општество ја предизвикува наредбата за забрана на влез во САД на лица од одделни земји и се повикува Трамп таа итно да биде повлечена.

Во писмото се вели:

„Почитуван претседателе Трамп, ние претседателите на водечките американски колеџи и универзитети ви пишуваме со цел да ве поттикнеме да ја измените или повлечете последната извршна наредба за затворање на границите на нашата земја за имигрантите од седум претежно муслимански земји, како и на бегалците од целиот свет. Доколку се остави вака, наредбата истовремено им се заканува и на американското високо образование и на дефинирањето на принципите на нашата земја.

Ваквата наредба ги спречува талентираните студенти и научници од овие земји, кои го почитуваат законот, да стигнат до нашите кампуси. Американското високо образование има огромна полза од долгата историја на земјата во прифаќањето на имигранти од целиот свет. Нивните иновации и стипендии ги збогатуваат американското знаење, просперитет и култура. Многумина од нив, кои се вратиле во сопствените земји, со нив ги носат вредностите кои се од животно значење за нашата демократија. Американското образовно, научно, економско и уметничко водство зависи од постојаната можност за привлекување на извонредни луѓе кои со генерации доаѓаат во оваа земја, во потрага по слобода и подобар живот.

Ваквата одлука неправедно таргетира седум главно муслимански земји, на неконзистентен начин за американските принципи и традиции. Ние прифаќаме извонредни студенти и ученици муслимани од САД и надвор од земјата, вклучувајќи ги оние кои доаѓаат од овие седум земји. Нивниот значаен придонес за нашите институции и за нашата земја даваат пример за вредноста на верските различности кои се белег на американската слобода од денот на нејзиното основање. Американскиот сон зависи од постојаната посветеност кон овие вредности.

Ние ја знаеме и почитуваме потребата да се заштити американската сигурност. Процедурите за темелна проверка се и онака ригорозни, нивните подобрувања треба да бидат базирани на докази, пресметани од реални ризици и конзистентни со принципите на Уставот.

Низ својата историја Америка била земја на можности и светилник на слободата во светот. Таа привлекува талентирани луѓе на нашиот брег и инспирира луѓе ширум светот. Оваа извршна наредба ја згаснува светлината на светилникот на слободата и остава дамка на репутацијата на земјата.

Со сета должна почит, Ве повикуваме да ја поправите штетата предизвикана од ваквата одлука“, се вели во писмото на челниците на американските универзитети до претседателот Трамп.

Tags: американскиот сонАсоцијација на американски универзитетиДоналд Трампизвршна наредбаотворено писмо
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ