• Latest
Киличдароглу - Ердоган претседателски избори 2023 (Photo: Wikimedia Commons)

Втор круг претседателски избори во Турција: Ќе падне ли Ердоган по 20 години?

May 28, 2023
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Втор круг претседателски избори во Турција: Ќе падне ли Ердоган по 20 години?

May 28, 2023 08:05
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ИЗБОРИ, РЕГИОН, ТОП 5
Киличдароглу - Ердоган претседателски избори 2023 (Photo: Wikimedia Commons)

Киличдароглу - Ердоган претседателски избори 2023 (Photo: Wikimedia Commons)

Share on FacebookShare on Twitter

Кој и да победи во вториот круг од претседателските избори во Турција, кои ќе се одржуваат денеска, веќе може да се каже дека во идеолошка смисла победници на овие избори се конзерватизмот и национализмот.

Целата кампања се водеше во врска со прашањето за турскиот идентитет и односите со Западот, а последиците од катастрофалниот земјотрес паднаа во втор план. Во вториот круг, пак, на преден план дојде темата за бегалците, кои во Турција ги има повеќе од 4 милиони, што е десничарска тема „пар екселанс“, потсетувајќи колку целото турско општество тргна надесно откако Реџеп Тајип Ердоган владее со Турција.

Судбински избори

Овие избори се судбоносна битка и за него, бидејќи ќе одлучи како ќе изгледа неговото авторитарно политичко наследство. Ердоган ја претвори секуларната Турција, каква шти ја замисли Мустафа Кемал Ататурк, во исламизирано општество во кое човековите права и демократските слободи се намалуваат со години. Никогаш досега не мораше да оди во вториот круг од претседателските избори.

Затоа на овие избори треба да се гледа како на борба за душата на Турција, која има можност да избира меѓу два различни патишта. Ердоган ветува поблиски врски со Путин, Киличдароглу со Западот.

Сепак, анкетите покажуваат дека Ердоган има мала, но јасна предност пред опозицискиот кандидат Кемал Киличдароглу. Според анкетите, Ердоган освојува 51 отсто од гласовите, а Киличдароглу 49 отсто. За потсетување, Ердоган во првиот круг освои 49,5 отсто од гласовите, а Киличдароглу 44,9 отсто.

Пресудна поддршка на третопласираниот во првиот круг

Победникот можеби со својата поддршка го одреди екстремно десничарскиот кандидат од првиот круг, Синан Оган. Овој националистички тврдокорен, кој и беше непознат на пошироката јавност пред изборната кампања, во првиот круг од изборите на 14 мај освои 5,2 отсто од гласовите. Во вториот круг одлучи да го поддржи Ердоган.

Најавувам дека во вториот круг ќе го поддржиме кандидатот на Народната алијанса, г-дин Реџеп Тајип Ердоган, рече Оган на прес-конференција во Анкара на 22 мај, додавајќи дека неговата кампања ги претвори турските националисти во „клучни актери “ во политиката.

Националната алијанса на Киличдароглу не успеа да не убеди за иднината, а одлуката за поддршка на Ердоган се заснова на принципот на континуирана борба (против) тероризмот, рече тој.

Ердоган веќе има мнозинство во парламентот

Коалицијата на владејачката партија обезбеди и мнозинство во Парламентот, што ќе значи предност за Ердоган, кој се обидува да го продолжи своето дводецениско владеење. Педесет и петгодишниот Оган беше претседателски кандидат на десничарската коалиција предводена од Партијата на победата, која е позната по својот антиимигрантски став во Турција, каде има најголем број бегалци во светот.

Така, бегалците станаа главна тема во вториот круг, а кандидатот на опозицијата Киличдароглу се истакна со тврдокорните ставови, скршнувајќи надесно.

Говорејќи пред сопартијците во седиштето на Републиканската народна партија (ЦХП), Киличдароглу ја критикуваше мигрантската политика на Ердоган.

Киличдароглу против бегалците

Ердогане, намерно дозволивте десет милиони бегалци да влезат во Турција. Продадовте турско државјанство за да обезбедите гласови, рече Киличдароглу.

Овде најавувам: кога ќе бидам избран за претседател, ќе ги вратам бегалците во нивните земји, нагласи Киличдароглу.

Тој во предизборната кампања најави дека планира да ги испрати Сиријците дома во рок од две години по постигнувањето договор со сирискиот претседател Башар ал Асад за нивната безбедност, во координација со Обединетите нации (ОН).

Политикологот Копур: Турција се движи надесно

Политикологот Бурак Копур од Универзитетот за меѓународни односи во Есен го анализираше вториот круг од претседателските избори во Турција за АРД и вели дека „она што сега го промовира Киличдароглу, имено неговата кампања против бегалците, удира во нерв во Турција“.

Постои високо ниво на непријателство кон бегалците, особено кај младата популација, а Киличдароглу сега се обидува да освои гласови со ова, вели политикологот Копур.

Во овој момент, Киличдароглу не гледа друг излез, освен да игра на националистичката карта и во основа да го копира она што го прават Реџеп Тајип Ердоган и десничарскиот екстремист Синан Оган. Ќе видиме дали ќе биде успешно, вели тој.

Овој политиколог посочува дека Турција сега уште повеќе се движи кон десно.

Ако ги одземете, на пример, прокурдската ХДП, турската работничка партија ТИП и кемалистичката, левичарска националистичка ЦХП, тогаш имаме пејзаж на конзервативни до десничарско екстремистички и исламистички партии во турскиот Парламент со повеќе од 400 места од вкупно 600. Тоа се две третини од Парламентот, анализира Копур.

Може да се каже дека вистинските победници на овие избори се турскиот национализам и политичкиот ислам, додава политикологот.

Политико: Турција и Ердоган не се исто

Политико предупредува дека Ердоган и Турција не треба да се поистоветуваат. Излезноста на гласачите од 89 отсто во земја со речиси 90 милиони гласачи е изборен резултат што ги срами повеќето либерални демократии, пишува Политико.

„Турција, се разбира, не е либерална демократија. Прекршувањата на човековите права и основните слободи, нарушеното владеење на правото и уништената поделба на власта не оставаат простор за сомнеж“, додава тој.

„Турскиот политички систем не е демократски, но турското општество покажа демократска издржливост на која треба да и се восхитува целиот свет. Турските избори говорат за демократската издржливост на општеството кое заслужува внимание и поддршка. Дури и ако Ердоган влезе во својата трета деценија на власт, овие избори докажуваат дека тој и Турција не се синоними“, заклучува Политико.

Дали овие избори се воопшто фер?

Странските набљудувачи предупредија дека Турската изборна комисија (YSK) покажа недостиг на транспарентност во првиот круг од изборите. Пристрасното известување за изборите од државните медиуми е загрижувачко, оценија набљудувачите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Делегацијата на ОБСЕ соопшти дека актуелниот претседател Реџеп Тајип Ердоган и владејачките партии во земјата уживаат неоправдана предност пред опозициските партии кои имаа нееднакви услови за изборна кампања.

„Турската демократија се покажа како неверојатно издржлива. Овие избори имаа висока излезност и понудија вистински избор. Но, Турција не ги исполнува основните принципи за одржување демократски избори“, рече Франк Шавабе, шеф на делегацијата на ПССЕ.

Тој ја повика турската Влада да обезбеди слобода на медиумите и рече дека поволното известување на турската државна телевизија за Ердоган и владејачките партии е еднакво на цензура.

Г. Т.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: втор кругЕрдоганизбориКиличдароглупретседателтурција
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ