• Latest
Фото: Скриншот

Вучиќ на Си-Ен-Ен изјави дека „Обвинителството ќе си ја заврши работата“ во случајот Радоичиќ, адвокатот Стојковиќ му наброја случаи каде „Обвинителството не си ја заврши работата“

October 3, 2023
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Вучиќ на Си-Ен-Ен изјави дека „Обвинителството ќе си ја заврши работата“ во случајот Радоичиќ, адвокатот Стојковиќ му наброја случаи каде „Обвинителството не си ја заврши работата“

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју на Си -Ен - Ен изјави дека „обвинителството ќе си ја заврши работата“ во врска со Милан Радоичиќ, кој ја призна својата вмешаност во инцидентот во Бањска.

October 3, 2023 14:22
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

„Србија секако ќе бара одговорност од сите луѓе кои извршиле криминални дејствија и се на наша територија. Тој е достапен и на наша територија и обвинителството ќе си ја заврши работата“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во интервјуто со Кристијан Аманпур за Си-Ен-Ен кое го пренесува Н1.

Тој посочи дека американските извештаи за собирот на припадниците на српската армија во близина на Косово „не се целосно точни“.

Сепак, тој додаде дека бројот е намален и дека на Србија не и требаат никакви војни и конфликти со НАТО, туку и одговара поголемо присуство на КФОР, особено на север.

Секогаш слушавме кога нашите партнери бараа од нас да ја деескалираме ситуацијата“, рече Вучиќ.

Претседателот на Србија изјави дека армијата ја следи ситуацијата на терен и оти ги придвижила силите бидејќи „тие верувале дека тоа може да биде најкорисно“.
Тој посочи дека не потпишал армијата да се подигне на повисок степен на готовност.

Србија е последната земја на која и требаа тие инциденти на Косово, сите можеа да видат дека Србија е конструктивен партнер, рече Вучиќ.

Тој ја обвини Приштина дека спроведува „постепено етничко чистење“ на северот, на што Аманпур изјави дека Европската унија и САД не се согласуваат со таа проценка.

Таа го потсети Вучиќ дека по преговорите во Охрид рекол дека не го потпишал договорот затоа што „го боли раката“, а на прашањето дали уште го боли или е подготвен за договор, Вучиќ тврдел дека Србија е конструктивна. а тоа го кажале и меѓународните претставници Јозеп Борел и Мирослав Лајчак.

Направив се што им кажав на нашите пријатели од САД и ЕУ дека ќе направам, а постои српски Устав и морам да го почитувам“, рече Вучиќ.

Запрашан дали го поддржува лидерот на Република Српска Милорад Додик и дестабилизацијата на Босна и Херцеговина, тој рече дека го поддржува Дејтонскиот мировен договор и територијалниот интегритет на БиХ и дека тоа никогаш не го доведувал во прашање.

Аманпур го праша Вучиќ и за тоа што тенисерот Новак Ѓоковиќ на камера по меч напишал „Косово е срцето на Србија“, а претседателот на Србија оцени дека Ѓоковиќ го напишал „од срце“ и дека ова мислење го делат 99 проценти од Србите.

Во неделата на 24 септември дојде до вооружен конфликт меѓу група Срби, предводена од поранешниот потпретседател на Српската листа, Милан Радоичиќ, и косовската полиција во селото Бањска на северот на Косово. Во таа прилика беа убиени еден косовски полицаец и тројца Срби.

Радоичиќ во писмената изјава што ја прочита во јавноста неговиот адвокат, ја презеде одговорноста за конфликтот во Бањска, тврдејќи дека властите во Белград немаат никаква врска со тоа.

Официјални лица во Приштина, пак, тврдат дека зад нападот на косовската полиција во Бањска стои режимот во Белград, а групата на Радоичиќ, меѓу другото, била обучувана на воениот полигон Пасуљанска ливада во централна Србија. Војската на Србија тоа го демантира.

На изјавата на Вучиќ дека српското обвинителство ќе си ја заврши работата, преку Твитер објава му реплицираше адвокатот Чедомир Стојковиќ од  Групата Октомври – Слободарски сојуз за слободна Србија, кој посочи неколку случаи каде обвинителството не си ја завршило работата:

Вучиќ за Си-Ен-Ен за Радоичиќ: „Обвинителството ќе си ја заврши работата“.

Но ниту обвинителството не си ја заврши работата во случајот:
– Уривање на СНС во Савамала
– убиствата на Оливер Ивановиќ
– убиства на адвокатот Миша Огњановиќ
– мобилизацијата на Вагнер групата во Србија
– одземање на државно земјиште за Белград на вода;
– дивоградби на Копаоник;
– итн.

Vučić za CNN o Radoičiću: “Tužilaštvo će uraditi svoj posao”.

Ali tužilaštvo nije uradilo svoj posao ni u slučaju:
– SNS rušenje u Savamali
– ubistva Olivera Ivanovića
– ubistva advokata Miše Ognjanovića
– mobilizaciji Wagner grupe u Srbiji
– otimanja državnog zemljišta za…

— Advokat Čedomir Stojković 🇷🇸🇺🇦 (@FIGHT_4_RIGHT_S) October 3, 2023

Според неговата предходна Твитер објава, Александар Вулин и Александар Вучиќ се организатори на нападот на Косово, а Милан Радоичиќ е дел од Безбедносно-информативната агенција на Србија (БИА).

„Нема шанси М. Радојичиќ НИШТО да направи без знаење и дозвола на Александар Вучиќ!“ – тврдеше Стојковиќ во објавата на Твитер.

Д. Мишев

Tags: CNNАлександар ВучиќБањскаКосовоКристијан АманпурМилан Радоичиќ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ