• Latest
Фото: Инстаграм

Вучиќ најави зголемување на платите, пензиите и мерки за легализација на згради

September 21, 2025

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Вучиќ најави зголемување на платите, пензиите и мерки за легализација на згради

Пензиите ќе се зголемат за 12,2 проценти, од 1 декември просечната пензија ќе изнесува 485 евра, зголемување на минималната плата од 9,4 проценти од 1 октомври, и дополнително зголемување од 10,1 процент од 1 јануари., наставниот кадар во основните и средните училишта ќе прима 969 евра

September 21, 2025 16:12
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Share on FacebookShare on Twitter

Српскиот претседател Александар Вучиќ, како дел од новите мерки за граѓаните, најави зголемување на пензиите, минималните плати и платите во здравството и образованието, пренесува РСЕ.

Меѓу мерките е и новиот закон „Свој на своето“, чија цел е легализирање на 4,8 милиони згради кои немаат регистрирани права или дозволи за користење.

Обраќајќи се до јавноста од Палатата на Србија, Вучиќ најави зголемување од 5 проценти на платите во здравството и образованието од 1 октомври.

Како што изјави, платата на лекарите специјалисти ќе биде 1.440 евра, а на медицинските сестри ќе биде 778 евра, додека наставниот кадар со седми степен на стручно образование – едукатори, наставници, професори во основните и средните училишта ќе имаат 969 евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav)

Исто така, беше објавено дека пензиите ќе се зголемат за 12,2 проценти од 1 декември, така што просечната пензија ќе изнесува 485 евра.

Планирано е вонредно зголемување на минималната плата од 9,4 проценти од 1 октомври, како и дополнително зголемување од 10,1 процент од 1 јануари.

„За прв пат во историјата на Србија, ќе имаме минимална покриеност на потрошувачката кошничка не од 100 проценти, туку од 111 проценти“, тврди Вучиќ.

Една од мерките се однесува на легализација на 4,8 објекти во земјата преку најавениот закон „Свој на своето“.

Како што е најавено, новиот закон ќе овозможи легализација преку едноставна постапка преку дигитална апликација и со минимални трошоци.

Според зборовите на претседателот на Србија, максималната цена за легализација во селата за семеен објект со градина до 500 квадратни метри ќе биде 100 евра, во градови како Нови Сад, Ниш, Крагуевац, за приградските населби ќе биде максимум 200, додека во центарот на градот ќе биде до 500 евра.

Цената за престижни локации во Белград, на пример за стан од 200 во Терезија, ќе изнесува 1.000 евра.
Мерките на државата, кои се најавуваат дека се во корист на граѓаните, се донесуваат во време на масовните антивладини протести што ја тресат Србија веќе десет месеци.

Учесниците на протестот инсистираат на одговорност на властите за смртта на 16 лица при падот на бетонскиот настрешник на реновираната Железничка станица во Нови Сад и бараат вонредни парламентарни избори.

Најавени се и измени на Уставот во областа на извршната постапка, за да не можат извршителите да им го одземат просторот за живеење, станот или куќата на луѓето на кои тоа им е единствен дом.

Д. Мишев

Tags: Александар Вучиќзголемување плати и пензииСрбија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ