• Latest

 Вучиќ, Рама и Заев: Остануваме уште попосветени на нашиот пат кон ЕУ и на регионалната соработка

June 29, 2021
Фото: Скриншот од видео на
FOX 5 New York

Судот ги отфрли обвиненијата за тероризам против осомничениот за убиство на извршниот директор на „ЈунајтедХелткер“

September 16, 2025

(ВИДЕО)🎙САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ за скандалозната изјава на Ангелов за насилна дислокација на Ромите од Вардариште

September 16, 2025
Фото: Уставен суд

Претседателот на Уставниот суд се сретна со директорот на набљудувачката Мисија на ОДИХР за изборите, Матео Мекачи

September 16, 2025
Фото: МИА

Европските кругови сметаат дека обвинувањата на руската служба за „Српски Мајдан“ се намерно ширење пропаганда

September 16, 2025
Фото: Фејсбук статус на Томовски

Објавен телефонскиот број за пријавување злоупотреба на службени возила

September 16, 2025

Мицкоски: Подметнувањето пожари ќе се оквалификува како тероризам, итно да се преземат законски измени

September 16, 2025

(ВИДЕО) ☕ ДУПЛО ЕСПРЕСО: Руските воени провокации во Полска, убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк, дипломатскиот скандал со рускиот амбасадор во земјава и други стории

September 16, 2025

Мустафа и Салиу за ЦИВИЛ: Не ја слушнавме изјавата на Ангелов за селењето на Ромите од Вардариште

September 16, 2025
Руските власти започнаа со инспекција на возила по пријавените експлозии на 16 септември 2025 година. Фото: ХУР

„Операцијата за одмазда“ на Украина во руски Владивосток го погоди 47-от Воздушно-десантен баталјон обвинет за воени злосторства

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Истражна комисија на ОН: Израел извршил геноцид врз Палестинците во Газа

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

 Вучиќ, Рама и Заев: Остануваме уште попосветени на нашиот пат кон ЕУ и на регионалната соработка

June 29, 2021 12:07
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Во рамките на иницијативата за засилена регионална соработка претседателот на Република Србија Александар Вучиќ, претседателот на Владата на Република Албанија Еди Рама, и претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска одржаа работна средба преку интернет конференциска врска на која ја утврдија трипартитната, односно заедничка изјава „Европски Западен Балкан“.
Трипартитната изјава на претседателот Вучиќ и на премиерите Рама и Заев:
„Денеска се состанавме за да разговараме за натамошните чекори за нашата регионална соработка како витален пат напред за нашите земји, за Западен Балкан, за Европа и европскиот пат како целина.

Нашите земји се дел од Европа и секогаш ќе бидат. На земјите од Западен Балкан им е потребна ЕУ колку што и се тие потребни на ЕУ.

Постојаниот неуспех на ЕУ да ги исполни своите ветувања и нејзината неможност да се движи напред со отворање на првата меѓувладина конференција со Албанија и Северна Македонија, оди против европската волја на нашите земји и против интересите на самата ЕУ.

Нашата историја и нашата иднина се европски и живееме во регион опкружен со границите на Европската унија. Контекстот во кој се наоѓаме е предизвикувачки и истиот е предизвикан од предолгиот статус кво на Унијата vis-a-vis нашиот процес на интеграција во ЕУ. Сепак ние остануваме уште попосветени на нашиот пат кон ЕУ и на регионалната соработка.

Сакаме порано, отколку подоцна, да видиме дека четирите слободи на ЕУ – движење на луѓе, стоки, услуги и капитал – се спроведуваат низ целиот регион. И ние ќе сториме сè што е во наши раце да се движиме кон оваа цел преку моќта на нашиот пример. Во овој дух, ние ќе ја искажеме нашата целосна поддршка за регионалниот заеднички пазар на Самитот на Берлинскиот процес на 5 јули.

Знаеме дека само со заедничко работење и поттикнување на регионална соработка во рамките на разни регионални иницијативи – Заеднички регионален пазар, Регионален Шенген, Зелени коридори или во поширока смисла преку Берлинскиот процес – можеме да им донесеме опипливи резултати на нашите граѓани.

Како регион со приближно 18 милиони луѓе, можеме да ги зајакнеме нашите економии, да ја зголемиме благосостојбата на нашите луѓе и да донесеме големи инвестиции што инаку не би биле возможни доколку го правиме тоа поединечно.

На 29-ти јули, ќе се сретнеме во Скопје за да го потврдиме напредокот и да потпишеме договори кои произлегуваат од спроведувањето на обврските од Берлинскиот Самит, меѓу нашите три земји. Договори за соработка и помош во случај на природни катастрофи, како и за олеснување на трговијата, извозот и увозот меѓу нашите земји.

Ги покануваме и охрабруваме нашите колеги во регионот да потпишат и спроведат слични договори, така што визијата за заеднички политички и економски простор низ Западен Балкан ќе стане важен дел од секојдневниот живот на нашите граѓани преку единствениот пазар. Во тој дух, се надеваме дека ќе го засилиме процесот на соработка меѓу нас, во целиот регион и ќе продолжиме да даваме сé од себе за тоа да се случи.

Гледајќи ги потешкотиите кои беа предизвикани од одложувања во процесот на проширување, ние веруваме дека сѐ уште може да се идентификуваат нови начини, политички области и финансиски инструменти, како и да имаме зајакнување на постоечките, така што ќе се подобри нашиот придонес кон Европа, нашиот однос со ЕУ и постепено да се интегрира регионот кон Европскиот единствен пазар.

Затоа, решивме денес да побараме од Европската унија и од Соединетите Американски Држави, да преземат чекор заедно со нас и со нашите колеги од целиот регион. Нашата цел е да развиеме инвестициони, краткорочни проекти за подобрување на нашата животна средина и за многу поголем употреба на обновливи извори на енергија. Ова би било дел од спроведувањето на Економскиот и инвестициски план на ЕУ и на Зелената агенда за Западен Балкан.

Нашите земји имаат огромен потенцијал за одржлив раст и развој во овој сектор. Ќе побараме практична поддршка во откривањето кои проекти можат, во поголем обем, да го направат нашиот регион извор на обновлива енергија за нашите граѓани и за зелената енергетска иднина на ЕУ. Се надеваме дека ќе можеме да го објавиме напредокот на конкретни проекти до Самитот ЕУ-Западен Балкан кој ќе се одржи оваа есен.

Ние целосно ја препознаваме и повторуваме важноста на ресурсите на нашиот регион за зелената транзиција во Европа. Затоа, бараме Европската унија, во тесно партнерство со Соединетите Американски Држави, да бидат дел од развивањето на овие ресурси на начини што ѝ помагаат на ЕУ да ги оствари своите планови притоа привлекувајќи повеќе инвестиции низ нашиот регион, правејќи го дел од европската зелена транзиција. Благосостојбата и економските врски на нашите народи ќе растат кога ќе се интегрираме во европските синџири на снабдување и ќе придонесеме за стратешката автономија на ЕУ.

За таа цел, ние сме подготвени да го одработиме својот дел заедно и ќе сториме се што можеме за да ги претвориме овие заеднички напори во заедничка сила за соочување со предизвиците кои ги носи иднината како цел регион составен од шест актери.

Албанија е Европа. Северна Македонија е Европа. Србија е Европа.  Западен Балкан е Европа. Ние ќе ја завршиме тешката работа за да го направиме ова дел од секојдневниот живот“, се вели во заедничката изјава на Заев, Вучиќ и Рама.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    157 shares
    Share 63 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ