• Latest

Вучиќ: Србија нема да и воведе санкции на Русија, го подржува територијалниот интегритет на Украина

February 25, 2022

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Вучиќ: Србија нема да и воведе санкции на Русија, го подржува територијалниот интегритет на Украина

February 25, 2022 20:00
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Српскиот претседател Александар Вучиќ по седница на Советот за национална безбедност, вечерва изјави дека Србија е посветена на почитување на меѓународното право кое го гарантира правото на неповредливост на границите на Украина, дека е многу погрешно да се нарушува територијалниот интегритет на било која земја, вклучително и Украина, и додаде дека Србија нема да воведе санкции против Русија водејќи се од своите национални интереси, пренесе МИА.

Вучиќ на прес конференцијата ги прочита заклучоците на Советот за национална безбедност кои ќе бидат упатени до Владата во наредните 48 часа, во кој се нагласува дека Србија искрено жали за се што се случува во Источна Европа и дека Русија и Украина ги смета за пријателски земји, а Русите и Украинците за братски народи.

Во заклучоците се нагласува дека еден од основните принципи на надворешната политика на Србија е почитувањето на територијалниот интегритет и дека Србија дава целосна поддршка за почитување на територијалниот интегритет на Украина.

-Србија е посветена на територијалниот интегритет и политичката независност на државите и смета дека е многу погрешно да се нарушува територијалниот интегритет на која било земја, вклучително и Украина, стои во заклучоците што ги прочита Вучиќ.

Тој додаде дека Србија, кога ќе ја разгледува потребата од усвојување рестриктивни мерки или санкции, ќе се води исклучиво од заштитата на своите витални економски и политички интереси, почитувајќи ги традиционалните пријателства, не заборавајќи што се случувало во 1999 и 2015 година.

-Врз основа на нашето искуство, не е во витален политички и економски интерес на Србија да воведе санкции кон која било земја, посочи Вучиќ и предупреди дека ова се тешки денови за нас и за сите граѓани на Европа и светот.

„Имајќи го сето ова на ум, се обидовме да заземеме, не само заеднички, туку и единствен став за прашањето за кризата во Украина, за прашањето за нашите постапки и реакции“, кажа тој.

-Србија е на европскиот пат, што е наша стратешка определба, но Србија нема да избрзува во непријателства бидејќи тоа од неа го бара некој друг, изјави Вучиќ.

Вучиќ истакна дека Србија била соочена со бројни противречности, безброј проблеми кои не можат јавно да се презентираат.

-Бевме соочени со многубројни и нескриени притисоци. Но и покрај тоа донесовме одлука трезвено и со студена глава, порача срспкиот преседател.

Тој оцени дека деновиве имало толку многу лаги и дезинформации во медиумите во Србија и во регионот за прашањето за ставовите на Србија, за што се праша зошто некој толку многу сака да гледа во српскиот двор и да и наштети на Србија.

Тој посочи дека Србија поради можната криза во светот обезбедила се за земјата, од енергенти до храна, дека има доволно пченица и пченка за шест месеци, а купила 30 милиони килограми брашно.

-Чекаме потврда за дополнителни количини млеко во прав, бидејќи го нема во светот, се обидуваме да договориме дополнителни количини со нашите кинески пријатели, изјави Вучиќ.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ