За денеска е закажан итен состанок на Советот за национална безбедност, соопшти Канцеларијата за соработка со медиуми на српскиот претседател Вучиќ.
Седницата е закажана за 17 часот во зградата на Генералниот секретаријат на предлог на Вучиќ, кој ќе претседава со неа.
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска беше прогласен за виновен по обвинението за непочитување на одлуките на високиот претставник на Босна и Херцеговина.
Иако во соопштението по повод седницата на Советот не е наведено за што ќе се разговара, медиумите блиски до власта во тој контекст ја ставаат пресудата на Додик, пренесоа српски медиуми.
Д. Т.