• Latest

Wired: Децата-активисти стануваат глобални „инфлуенсери“

July 24, 2019
Фото: Фејсбук на Арбен Травари

Таравари си замина од владата на Мицкоски без испиено „сиктер кафе“

May 13, 2025

Денес: Вестминистерскиот сојуз за Украина се состанува во Лондон и онлајн за да ги зајакне демократското единство и поддршката за Украина

May 13, 2025

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

May 13, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Влатко Ѓорчев сега не го интересира изгор цената на црешите, важно краставиците да се евтини

May 13, 2025

Полска ќе му забрани влез на Додик

May 13, 2025

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри

May 13, 2025

Јасна осуда на руската инвазија и дијалогот со Косово се клучни за европскиот пат на Србија, рече Кошта

May 13, 2025
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

(ДЕМАНТ) Фрчкоски: Срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за излегувањето на Таравари од владата?

May 13, 2025
Фото: Скриншот Х

(ВИДЕО) Израел бомбардираше болница во Газа, „Хамас“ тврди дека меѓу убиените паценти е и новинарот Хасан Аслих

May 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Wired: Децата-активисти стануваат глобални „инфлуенсери“

Влијателниот месечник „Вајерд“ (Wired.com) го има посветено овогодишниот јулски број на темата како децата активисти ги користат социјалните медиуми и други форми на протест да свртат вниманието на возрасните за теми кои ја загрозуваат нивната иднина.

July 24, 2019 12:17
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter
Влијателниот  месечник „Вајерд“ (Wired.com) го има посветено овогодишниот јулски број на темата како децата активисти ги користат социјалните медиуми и други форми на протест да свртат вниманието на возрасните за теми кои ја загрозуваат нивната иднина. Како највидлива претставничка на ова движење, „Вајерд“ го анализира случајот на „инфлуенсерката“ Грета Турнберг, 16-годишна Швеѓанка која стана светски позната по заложбите за соочување со климатската криза.

Терминот „инфлуенсер“ веќе широко е усвоен во секодневната комуникација од говорителите на македонскиот јазик, најчесто се преведува како личност која е влијателна преку социјалните медиуми.

Новинарката на „Вајерд“ Амелиа Теит посочува дека Турнберг започнала со осамено штрајкување пред шведскиот парламент секој петок и успеала преку комбинирање на Инстаграм и Твитер да покренене глобално движење „Петоци за иднината“ (#FridaysForFuture) кое на 15 март 2019 година успеало да мобилизира над милион ученици кои одржале 2000 протести во 125 земји „од Албанија до Киргистан, од Перу до Тајланд и Замбија“.

Како  важен момент „Вајерд“ посочува дека видеото од обраќањето на Грета Турнберг на Самитот на ООН за климата во Катовице, во ноември 2018 г. стана вирално на глобално ниво. (Во тоа време, „Мета.мк“ обезбеди превод на видеото на македонски јазик објавен на Јутјуб и Фејсбук.)

Дополнително значење на случајот на младата Грета дава фактот дека таа има Аспергеров синдром, кој е дел од аутистичниот спектрум, состојба која ја зголемува повлеченоста при комуникација со други луѓе лице в лице. Но самата таа укажува и дека заради таа состојба таа има способност за фокусирање на одредена тема која можела да ја канализира во посветеност кон  каузата. За неа, како и за други деца кои се интровертни, социјалните медиуми овозможуваат полесен допир со другите луѓе. Таа во моментов е „инфлуенсерка“ со 733 илјади следачи на Твитер и 2,2 милиони на Инстаграми 972 илјади на Фејсбук.

„Вајерд“ посочува низа други примери на деца и тинејџери од „Генерацијата Зед“ (GenZ), родени по средината на деведесеттите години и кои растат со дигиталните технологии како дел од нивното секојдневие,  стануваат „инфлуенсери“ во своите средини или глобално благодарение на активизмот.

Така на пример, децата кои го преживеаа масакрот во средното училиште во Паркленд, Флорида (14.02.2018), во кој загинаа 17 нивни соученици и наставници, започнаа движење за законска контрола на огненото оружје во САД. Тоа кулминираше со протестот „Марш за нашите животи“ во Вашингтон (24.03.2018) кој собра 1,2 милиони учесници. Гласноговорниците на ова движење Ема Гонзалес и Дејвид хог имаат по 1,65 милиони, односно 977 илјади следбеници на Твитер.

Има низа примери на активизам и од помали деца, како Кешкасан Басу (18) која почнала на 8 години преку садење дрвца, за на 12-годишна возраста да ја основа фондацијата „Зелена надеж“ во Дубаи и да стане член од програмата за заштита на животна средина на ООН. Тинејџерите, како оние кои учествуваат американското еколошко движење „Нултиот час“ (Zero Hour) или британското #FreePeriods (игра на зборови бидејќи зборот „период“ се однесува и на дневен одмор во текот на часовите и на менструалниот циклус), кое бара пристап до средства за менструална хигиена за децата во училиштата, за „Вајерд“ посочуваат дека учат едни од други.

Според професорката од Универзитетот „Брок“ од Онтарио, Канада Ребека Раби„социјалните медиуми играа значајна улогоа во неодамнешните примери на активизам. Додека во минатото младите и другите маргинализирани групи мораа да зависат од постоечките медиуми да ги публикуваат нивните барања и настани, сега тие може директно да комуницираат и меѓу себе и со возрасните.“

Грета Турнберг, која сега има можност да влијае на светските лидери преку директни средби, има изјавено дека сега се наоѓа во парадоксална ситуација од неа да се бараат конкретни решенија. Таа често нагласува дека поентата на детскиот активизам е да се поттикнат возрасните да се погрижат за иднината веднаш, оти шансите за пресврт за планетарните проблеми како климатската криза по десетина години се минимални.

„Ние сме само деца и не можеме да го решиме ова. Не можеме да чекаме ние да пораснеме за да ги преземеме работите во свои раце, бидејќи до тогаш ќе биде предоцна,“ изјавува таа.

Print Friendly, PDF & Email
Share40Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ