Пет тони храна беа собрани за еден ден, со акцијата „Нахрани 1.000“, која беше спроведена по повод обележувањето на Светскиот ден на сиромаштијата – 17 Октомври, од организацијата „Мрдни со прст“, „Црвениот Крст“ на Скопје, организацијата „Ајде Македонија“, здружението на граѓани за помош на бездомници и згрозени семејства „Љубезност“, Сојузот на извидници на Република Македонија и организацијата „АДРА“ во Скопје.
Покрај големиот број хумани граѓан(к)и кои донираа конзервирана и нерасиплива храна, на поставените пет штандови, учествуваа и 16 компании, кои заедно собраа пет тони храна, односно, околу 16.000 оброци, кои ќе бидат поделени на сиромашните жители.
Ваква акција беше организирана за првпат во Македонија, и според организаторите, интересот кај граѓаните и компаниите ги надминал сите очекувања. Организаторите надеваат дека ова ќе прерасне во традиционален годишен настан, бидејќи во Македонија има граѓан(к)и од ранливите категории коишто секојдневно се соочуваат со недостаток на храна.
Ангела Петровска