• Latest

За една година 1.523 повреди на човекови слободи и права

November 6, 2017
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

Загреб го забрани поздравот „За дом спремни“ на концертите и јавните настани во градот

November 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Стармер ќе се бори против обидите за негова замена како лидер на Лабуристичката партија

November 12, 2025
Војниците на ИДФ дејствуваат на источната страна од Жолтата линија во Кан Јунис во јужна Газа, на фотографија од брошурата објавена на 9 ноември 2025 година. Фото: ИДФ

Кушнер и Нетанјаху сè уште бараат решение за застојот со терористите на Хамас во тунелите во Рафа

November 12, 2025
Демонстрантите се судрија со обезбедувањето на местото на одржување на COP30 во Бразил. Скриншот од видео на ВВС

Домородни демонстрантите упаднаа на COP30 во Бразил носејќи транспаренти „нашите шуми не се на продажба“

November 12, 2025
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

За една година 1.523 повреди на човекови слободи и права

November 6, 2017 13:17
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

За четири проценти е зголемен бројот на констатирани случаи на повредени човекови слободи и права во Извештајот на Народниот правобранител за 2016 година за кој денеска се расправаше на продолжението на шестата седница на Собранието на Република Македонија, но не беа утврдени предложените мерки за спроведување на препораките. Од вкупно 43 пратеници кои гласаа, „за“ утврдување на мерките се изјаснија 37, еден беше „воздржан“, а петмина беа „против“, јавува МИА.

Според народниот правобранител Иџет Мемети, во Извештајот за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права за минатата година, не се констатирани позитивни промени, туку стагнација, а во некои области и назадувања што се потврдува со зголемиот број на повредени наршувањата на човековите слободи и права за четири проценти.

„Констатиравме рекордно, како ниту една друга година, 1.523 индивидуални повреди на човековите слободи и права, а од нив во 1.354 случаи беа прифатени нашите интервенции, што, за жал, не е случај со препораките за констатираните слабости за општите состојби за кои изготвивме бројни извештаи и препораки“, рече Мемети.

Имавме, појасни, и се уште имаме крајно  исполитизирани и непрофесионални институции, а некои од нив поради крајната партизација беа ставени во функциоја напартијата.

„Полициско, непрофесионално и брутално постапување, прекумерна употреба на сила на затвоорската полиција кон осудени лица и отсуство на здравствена заштита во казнено-управниците установи, недостатоци на пензискиот систем со штетни последици по осигурениците, необезбедени средства за исплата на права од социјална помош, повреда на право на вработување на лица со попреченост, незаконско депортирање бегалци, противзаконско утвтрдување на наплата на РТВ такса, вода и други комуналии, противуставно оданочување на граѓаните,  како и непрофесионалност во  изборните органи“, наведе  Мемети, забележеувајќи дека меѓу останатото, во 2016 година продолжила неказнивоста на полициските службеници, како и декларативното подобрување на условите во затворите.

При активното следење на изборниот процес, според Мемети, е констатирано дека изборните органи како и сите други надлежни органи потфрлиле во очекувањата на граѓаните дека нема да бидат повредени нивните избирачки права.

„И натаму имаме проблематичен Избирачки список. Потребни се итни измени на Изборниот законик, со кој на граѓаните ќе им се овозможи право на глас загарантирано со Уставот,  а дали ќе можат да го остварат тоа право тоа може да биде поврзано со документот за идентификација“, рече Мемети, кој реагираше и на тоа што на седницата немало присутни членови на Владата.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ оцени дека нема голема ефективност од извештаите кои Народниот правобранител ги доставува  до Собранието, во кои, како што рече, се повторуваат истите проблеми.

„Тоа не значи дека вие не си ја вршите работата во подготовката на извештаите, но говори дека сите заедно како институции не си ја вршиме работата да ги подобриме работите во општеството“, рече Димовски, апелирајќи да се најде начин Собранието да се вклучи во одделни случаи преку постојаната Анкетна комисија за човекови права.

На седницата без расправа беше усвоен и Извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2016 година. Во тек е расправа по Предлог извештајот за работата на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) во минатата година.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: извештајИџет МеметиНароден правобранител
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ