Во с. Отошница, Општина Ранковце, од големиот пожар што избувна на 2 август е опожарена површина од околу 225 хектари, најголем процент борова шума.
Пожарите беа локализирани истиот ден, но пожарот во Ранковце синоќа и утринава повторно се активирал.
Во големиот пожар во Ранковце, кај с. Длабочица и П’клиште, кој зафати и куќи и домот во Отошница, направена е голема материјална штета. Опожарена е површина од 202 хектари, од кои 15 хектари борова култура. Во гаснењето на пожарот, покрај пожарникарите се вклучија и 21 лице од вработените во ЈП Македонски шуми.
Во пожарот што започна попладнето на 2 август во кривопаланечките села Дренак и Лисец, кај месноста Момин дол, опожарена е површина од околу 0.15 хектари.
Во месноста Крива Река и Станечка Река, во с. Варовиште, опожарени се осум хектари овоштарници, приватни ниви и ливади, а во друг пожар од 2 август кај резервоарот на Јавното претпријатие Комуналец, во с. Варовиште е опожарена површина од 0.03 хектари.