Националниот совет на Швајцарија гласаше за криминализирање на хомофобични и трансфобични дела и тоа е казниво со затворска казна до три години.
Со 118 гласа „за“ и 60 „против“, советот гласаше да воведе казна затвор за овој чин. Сепак, предлогот треба да биде усвоен од страна на Советот на држави пред да стане закон.
Националниот советник, Матијас Рејнард, кој го поднесе предлогот, откако Советот гласаше, тој на Твитер напиша: „Националниот совет ја прифаќа мојата парламентарна иницијатива против хомофобијата и трансфобијата! Прекрасен успех за човековите права! Конечен одговор во декември во Советот на држави“.
Рејнард рече дека одлуката на швајцарскиот парламент е одлична вест бидејќи испраќа многу моќна порака: хомофобијата не е мислење, туку е кршење на законот! Тој додаде дека додека работел на овој закон, дознал дека швајцарската судска пракса не казнува ниту омраза или говор на омраза кон ЛГБТК + луѓето, и оваа дупка е истакната неколку пати на меѓународно ниво.
Превод: Ангела Петровска