Според премиерот Христијан Мицкоски не биле алармантни параметрите на штетни честички кои би го загрозиле здравјето на граѓаните.
– Нема зголемени такви параметри кои што се алармантни. Тоа е визуелно така, но кога се испитувани параметрите не се така алармантни. Но лошо е тоа да се прави. И ќе се прави и има причина зошто се прави. Затоа го поставив прашањето на кој му одговара да се случува сега? Кога ќе дадете одговор на ова прашање ќе ви стане јасно кој и зошто тоа го прави, изјави денеска Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Општина Гази Баба, каде изврши увид во градежни активности на неколку проекти.
Тој уште дополни дека при секој обид за решавање на проблемот со депониите и изградба на регионални центри за складирање и преработка на отпадот се појавувале невладини организации и политичари кои реагирале зошто баш кај нив да се гради таков капацитет.
М. Д.