• Latest

За нашето јазично секојдневие

May 5, 2020

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025
Илустрација ВИ

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Зеленски подготвен за разговор со Трамп и Путин по „отворениот“ состанок во Белата куќа, каде Трамп го повика да ги прифати условите, или Москва може да ја „уништи“ Украина

October 20, 2025
Илустрација: ВИ

Висок тренд на неважечки гласачки ливчиња – пораст во однос на претходните изборни циклуси!

October 20, 2025

Повеќе од 53 илјади гласачки ливчиња – неважечки!

October 20, 2025
Скриншот од видео на WION

Венс за Томахавките за Украина: Трамп го слушна ова барање и сè уште одлучува

October 20, 2025

Првични неофицијални податоци на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ за советнички листи освои околу 302.000 гласа, СДСМ 126.000, НАИ 114.000, ВРЕДИ 91.000, ЛЕВИЦА 57.000 и ЗНАМ 38.000

October 20, 2025
Креирано со помош на ВИ

Само една жена избрана за градоначалничка во првиот круг, уште три ќе се борат во вториот

October 20, 2025
Скриншот од видео на Times News

Центристот Родриго Паз победи на претседателските избори во Боливија, со што заврши речиси 20 годишното левичарско владеење

October 20, 2025
Фото: МИА Архива

Политико: Новите членки на ЕУ би можеле да се приклучат без право на вето

October 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

За нашето јазично секојдневие

May 5, 2020 22:50
in КУЛТУРА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: проф. д-р СИМОН САЗДОВ

Општо земено, јазичната состојба не ни е на потребното рамниште. Ако во закон имате ваква реченица (а имате): „Со Агенцијата раководи директор кој го именува и го разрешува Собранието на Република Македонија, на предлог на Владата на Република Македонија за време од шест години“, треба да сте свесни дека која и да е агенцијата, нејзиниот директор лично го именува и го разрешува целото Републичко собрание, а не обратно, како што, веројатно, мислеле авторите на законот. Што да се каже? Имате луѓе што пишуваат закон, но не знаат да го напишат како што треба. Имало ли лектор или, подобро е да прашаме, смеел ли тој лектор да смени нешто јазично во законот, иако токму тоа му е работата? Којзнае. Како и да е, работата не излегла како што требало.

Порано, главно, се комуницирало усно, па луѓето не биле многу обврзани да бидат многу писмени. Начинот на денешното комуницирање, меѓутоа, е многу поинаков. Електронски медиуми, социјални мрежи, сѐ до актуелнава електронска настава. Наеднаш е многу важно да бидете писмен, иако многумина не се. Тоа е слично како што не мора да сте дотерани по дома. Но, кога ќе решите да излезете, по правило, се облекувате соодветно за пригодата, се погледнувате во огледало пред да излезете итн. Се покажува, меѓутоа, дека не е мал бројот на оние што излегуваат од дома без да се погледнат во огледало, а не, пак, да се зачешлаат или да се намирисаат.

Ако префрлите некому дека не е доволно писмен, дека нема речник, тој нема да се засрами. Веднаш ќе побара оправдување и, веројатно, ќе ви каже дека македонскиот јазик не е доволно богат со зборови, па мора да користи англиски. Колку е тоа неточно може да проверите во македонскиот „Моби Дик“ на Огнен Чемерски. Македонскиот јазик не е сиромашен во ниту еден поглед, сиромашни можат да бидат само тие што го зборуваат. Но тоа е веќе работа на конкретна единка.

Фрла во очај тоа што има луѓе што уште не научиле дека се пишува „не знам, не сакам“, а не „незнам, несакам“. Не е толку страшно што не научиле кога требало, во второ одделение, туку е страшно тоа што не се поправаат. Инаку, самата грешка не е без основа. Станува збор за тоа дека при зборувањето двата збора прават акцентска целост и се изговараат со еден акцент. Значи, не е глупав тој што пишува „незнам, несакам“, туку е неписмен. Затоа и постои описменувањето. Затоа и треба да се вложи напор за да му се спротивставите на туѓојазичното влијание. Затоа и нема смисла во Македонија да има културна манифестација со назив „Битола Шекспир фестивал“. Тоа и не е назив, туку се три именки напишани еднододруго. Може да е организиран во чест на Шекспир, но не мора синтаксата да му е англиска. Можел да биде и „Битолски фестивал за Шекспир“, но, изгледа, тој назив не му звучел доволно возвишено некому. Но треба да имате предвид дека на тој начин покажувате како се доживувате себеси – не многу возвишено.

На крајот, јазичната култура е еден многу суштински белег на секој човек. Многу посуштински од облеката што се носи, автомобилот што се вози. Македонскиот јазик го чинат неговите говорители, зборувачи. Од сите нас зависи како тој ќе живее во нашето секојдневие.

 


Сите права се задржани.
Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    176 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ