• Latest

За пет проценти зголемена активната транспарентност на министерствата, Владата и општините

June 3, 2021

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

За пет проценти зголемена активната транспарентност на министерствата, Владата и општините

June 3, 2021 20:04
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За пет проценти е зголемена активната транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2021 година, споредено со 2020 година, покажува најновиот извештај за Индекс на активна транспарентност 2021 година на Центарот за граѓански комуникации. Според извештајот активната транспарентност на министерствата, на Владата и на општините година изнесува 63 отсто.

Како што соопшти кабинетот на заменикот претседател на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресусри, по прв пат во шест години, проактивното објавување на јавни информации од институциите, односно нивната активна транспарентност, според градацијата на нивоата, се искачи од просечна во добра транспарентност. Дури 62 од вкупно опфатените 98 институции, се додава, ја подобриле својата активна транспарентност во 2021 година во однос на 2020 година.

-Податоците во Извештајот покажуваат дека општото ниво на активната транспарентност кај министерствата и Владата е зголемено за 2 процентни поени, од 77 % ланската година на 79 % годинава. Оваа година, повеќе од половина од институциите се наоѓаат во двете најдобри групи со ’добра‘ и ’многу добра‘ активна транспарентност. За сметка на тоа, се намалува бројот на институции во трите послаби групи, со ’просечна‘, ’слаба‘ и ’многу слаба‘ активна транспарентност. Во делот на транспарентноста на општините, според Извештајот, за прв пат конечно една општина има дури 100% активна транспарентност, а подобрување е забележано кај 51 општина. Од 16 министерства и Владата, кај дури 12 е регистриран пораст на исполнетоста на обврските од активната транспарентност, стои во соопштението..

Воедно, се посочува, дека по прв пат откако се изработува индексот односно од 2016 година наваму, дури две институции добија максимални 100 %, односно тие ги објавуваат сите предвидени информации. Станува збор за Министерството за одбрана, кое и лани беше на првото место, и Општина Карпош, која лани беше трета.

-Владата на Република Северна Македонија во изминатите четири години презеде значајни мерки и активности во насока на зголемување на транспарентноста и очетноста, на сите нивоа. Уште во октомври 2017–та година, Владата ги задолжи министерствата во рок не подолг од 15 дена на своите веб – страници да ги објават потребните 21 документи и материјали, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а се во насока на отчетни и транспарентни владини институции во служба на граѓаните. Со воведувањето на функцијата заменик на претседателот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресури, и во согласност со надлежностите од мандатното писмо на вицепремиерот Љупчо Николовски, се проширија мерките за зголемување на транспарентноста на институциите наведуваат од Владата.

На почетокот на декември минатата година, Владата ги задолжи сите министерства и органи кои одговараат пред Владата, вклучително и сите општини, Градот Скопје и општините во Градот Скопје, во рок од 30 дена на своите веб-страници да ги објават на своите документите и информациите наведени во членот 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Транспрентно се објавени, се додава, имињата и веќе се спроведува тестот за интегритет на советниците на функционерите, преку кој ќе се утврди нивото на интегритет и способноста за детектирање за евентуални ризици од корупција.

Во насока на реална и ефикасна борба со корупцијата и криминалот, како и зголемена транспарентност и отчетост, на почетокот на март годинава, се усвои Планот за борба против корупција, кој содржи мерки за зголемување на транспарентноста, како што се подготовка на годишна Антикорупциска програма, интерни процедури за спроведување на постапките за јавни набавки и реализација на договорите, електронски систем за поднесување на електронски пријави, претставки и предлози од страна на граѓаните поврзани со услугите од јавната администрација, стои во соопштението од кабинетот на заменикот претседател на Вкадата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресусри.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ