• Latest

За побрза дигитализација неопходана соработка со приватниот сектор

October 31, 2019

ЗАПОЧНАА ЛИ БЕГСТВАТА? Прекинат летот на Вулин кон Москва

November 3, 2026
petar bogojeski

Реакции по дискриминаторските родови пораки на Богојески, коалициски партнер на Мицкоски

November 3, 2026

Афера Алта банка – партиски реакции: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

(ИНФОГРАФИК) Америка гласа: 210 милиони регистрирани гласачи, 57 милиони предвремени гласови, 470 места во Конгресот, изборен процес од 12 милијарди долари

November 3, 2026

Избори од речиси 12 милијарди долари: Маск вложи 474 милиони, Трамп во судска битка поради обвинувања за изборни измами

November 3, 2026

Аферата Алта банка се продлабочува: Стечај во Белград, 380 милиони евра под истрага и непријатни прашања за политичките актери

November 3, 2026

СДСМ поднесе интерпелација за Иван Стоилковиќ: Спорни политички настапи и однесување во Собранието

November 3, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

[РЕПРИНТ] Нема бесплатен ручек, сѐ има да се плати!

November 3, 2026
Протести во Тирана, 3 ноември 2026

Протестите во Албанија не стивнуваат: Студентите не отстапуваат од барањето за оставка на Рама

November 3, 2026
РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИТЕ | Днипро, 3 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

За побрза дигитализација неопходана соработка со приватниот сектор

October 31, 2019 11:08
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Земјава е длабоко зачекорена во процесот на дигитализација и на него се работи многу, но се уште има недостатоци. Со стручно согледување на состојбата и поголема интероперабилност, посебно меѓу министерствата и јавните институции, за кратко време може да се постигнат значајни резултати, беше речено на денешната 16. конференција на МАСИТ.

Учесниците порачаа дека податоците денес се еден од клучните ресурси, а наскоро ќе станат и најголемата вредност на компаниите.

„Најголемите технолошки компании во светот се токму оние што ги поседуваат податоците. Нашата држава е веќе масовно зачекорена во областа на дигитализацијата на јавниот сектор, но клучна е соработката со приватниот сектор“, изјави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

 

Тој потсети дека е веќе објавен порталот за отворени податоци со поставени над 200 податочни сетови од преку 45 институции, во функција е и Националниот портал за електронски услуги, кој ќе биде пуштен во употреба следниот месец, а лансиран е и Централниот регистар на население.

„Ова значи дека граѓаните ќе можат на законски начин да го користат својот електронски идентитет за добивање услуги и од јавните институции, но и од приватниот сектор“, потенцира министерот.

Тој најави и дека следниот период со поврзување на разните бази на податоци и нивната дигитализација, ќе се креира уште поголема база на податоци кои ќе ги користат и приватните компании за развој на нови бизниси, анализи и иновативни решенија, како и државата за да стане поефикасна во испорачувањето услуги и да се доближи до граѓаните.

 

Претседателката на Бордот на директори на МАСИТ, Анета Антова Пешева уште еднаш го нагласи значењето на ИКТ индустријата, посочувајќи дека за само два месеца, од јуни до август годинава, платите во овој сектор се зголемени за седум отсто.

„Според растот што го имаме треба да се обрне поголемо внимание на ИКТ индустријата која за два месеца ги зголеми платите за седум проценти без каква било интервенција и сега тие во просек изнесуваат 96.430 денари бруто или 63.800 нето. Со зголемување на платите од 12.000 на 14.500 нема да ги задржиме младите во земјава, но можеме да почнеме да ги убедуваме да останат ако имаат добар стандард и добар третман“, нагласи Антова Пешева.

Порача и дека ИКТ индустријата во земјава треба да се качи на повисоко ниво и да биде столб на стопанството, а не сервисна дејност како што засега се третира.


извор МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ