ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани, своите членови, поддржувачи, активисти да ги посетат инфо –штандовите на ЦИВИЛ, утре во Куманово и Кратово посветени на промоција на европските вредности, недискриминацијата и мултикултурализмот.
Седница на собраниската Комисија за европски прашања во 11:00 часот.
Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет во 12:00 часот.
Седница на Законодавно-правна комисија во 13:00 часот.
Претседателот на Владата Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска ќе се обратат на промоција на дигиталната апликација –аудио читач, симболично наречен „Кико“, наменет за слепи лица и лица со оштетен вид во 10:00 часот.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и претседателката на РСБСП, Гордана Кожуваровска ќе го посетат граничниот премин Табановце во рамки на кампањата ,,Вози одморен“ во 10:00 часот.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.












