Националните комисии за УНЕСКО на Република Северна Македонија и на Република Албанија, денеска во Охрид ќе ја одржат првата заедничка седница.
Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе одржи две седници, во 10:00 и 10:30 часот, а во 12 часот ќе се одржи седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет.
Во 13 часот ќе се одржи седница на собранискиот Комитет за односи меѓу заедниците
Во 11 часот е предвидена прес-конференција на Стопанската комора на Северна Македонија на тема „Иднината на македонскиот тутун е во производство според стандарди за конкурентен производ со висок квалитет“.
Советот на Град Скопје во 11 часот преку конференциска врска ќе ја одржи 74-та седница.