Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците во 11:00 часот.
Самит на НАТО во Брисел со прво учество на Северна Македонија како полноправна членка
Изјави за медиумите на министерот за правда Бојан Маричиќ и претседателот на Здружението на судии Џемали Саити во 13:00 часот.
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири и струшкиот градоначалник Рамиз Мерко ќе извршат увид на платформите на Охридското езеро во Струга во 10:30 часот.
Центарот за управување со кризи организира Финална планирачка конференција во рамки на подготовките за вежбата што ќе се одржи во септември во организација на НАТО-Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) во 10:30 часот.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.