Седница на Законодавно-правна комисија во 11:00 часот.
Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет во 12:00 часот.
Прес-конференција на министерот за финансии Фатмир Бесими во 13:00 часот.
Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, првиот секретар на Амбасадата на Норвешка Стефан Сандста, шефот на канцеларијата на УНОПС за Северна Македонија Микела Телатин, националниот координатор на проектот Сузана Андонова од Канцеларијата за ПОПс и претставникот на изведувачот Полиеко ќе присуствуваат на почнување на процесот на чистење на малата депонија со линдан во 11:00 часот.
Државната комисија за спречување на корупцијата и Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен интерес ќе одржат прес-конференција во 11.00 часот.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.











			
