ЦИВИЛ отвори повик за аплицирање за изборни набљудувачи за локалните избори 2021. Организацијата ги повика своите членови, поддржувачи и учесниците на семинарите за граѓанско новинарство, набљудувачите на претходните изборни процеси, како и сите заинтересирани полнолетни граѓанки и граѓани да аплицираат за краткорочни изборни набљудувачи. Повикот во оваа фаза е отворен до 30 јуни на полноќ.
ЦИВИЛ организира работилница во Велес на тема „Учество во креирање политики, јакнење на јавната свеста и промоција на европските вредности, мултикултурализмот и недискриминацијата на локално ниво“ што ќе се одржи на 22 јуни (вторник), со почеток од 13 часот, во општинската сала.
ЦИВИЛ организира јавен настан на тема „Изборните реформи во пресрет на локалните избори: постигнувања и предизвици“ на 23 јуни 2021, со почеток во 13 часот, во хотел Парк Резиденс (зад градскиот фудбалски стадион), Скопје. На настанот се поканети претставници на дел од парламентарните политички партии, Државната изборна комисија, а учество потврди министерот за правда, Бојан Маричиќ.
Претседателот на Владата Зоран Заев придружуван и од вицепремиерот Никола Димитров,денеска ќе учествуваат на Самитот за Западен Балкан што се одржува во Виена.
Прес-конференција на Алијансата за Албанците во Куманово со почеток во 11:30 часот.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.