„Погрешно. Тотално погрешно. Нема две вистини и не се сите исти. Нема „ама“. Агресорот е агресор, убиецот е убиец, силувачот е силувач, жртвата е жртва. Фактите се едноставни. Нивното откривање може да биде тешко. А потоа и нивното толкување. Но силувачот, убиецот, агресорот не се исти како и нивните жртви. Никогаш. Малата Тања од Мариупол не може да биде виновна за ниту една друга војна во минатото, сегашноста или иднината. Нема две вистини за неа. Една е вистината. Таа умре од жед, покрај мртвото тело на својата мајка, под урнатините на својот дом што го бомбардираа руските агресори.
Идејата за „најмалку две вистини“ е пропаганден трик на оние што сакаат да ги релативизираат злосторничките акти. Фактите се факти. Пропагандата е пропаганда.
Од тука можеме да почнеме. Или да завршиме.“
Извадок од едиторијалот „Медиумите се современата Голгота каде што се распнуваат фактите“, од Џабир Дерала, објавено на 3 мај 2022 год.