• Latest
Џабир Дерала

Медиумите се современата Голгота каде што се распнуваат фактите

May 3, 2022

Бабин Јар, 85 години подоцна: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
Одеса, 29 септември 2026 (ДСНС)

Деноноќен руски терор врз Украина: Напади врз Кијив, Одеса, енергетика, железница, домови и цивилна инфраструктура

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Инфлацијата навистина е пониска од европската, но што премолчува Мицкоски?

September 29, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија останува на перонот, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

Вистината не може да се замолчи: Безусловна поддршка од ЦИВИЛ за Меморијалниот центар Сребреница

September 29, 2026

Поддршка од американскиот Конгрес за Меморијалниот центар во Сребреница: Остра осуда за полициското заплашување

September 29, 2026

ЕУ забрзува, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

ИНФОГРАФИК: Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 29, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Градот останува, животот исчезнува - ГРАДСКА.МК (илустрација генерирана со вештачка интелигенција)

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ЕДИТОРИЈАЛ

Медиумите се современата Голгота каде што се распнуваат фактите

„Балансираните“ медиуми им даваат пет минути на жртвите, но и пет минути на злосторниците. Тоа е „фер“ известување. Со таа разлика што жртвите често не можат ни да проговорат, бидејќи се заплашени, повредени или – мртви.

May 3, 2022 17:35
in ЕДИТОРИЈАЛ, МЕДИУМИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Војната во Украина ја докажа вредноста, но и сета тежина на новинарската работа, на медиумите. Во најсилни контрасти, се издвоија професионалните новинарки и новинари кои го ризикуваат и сопствениот живот за да дојдат до фактите и да му ги соопштат на светот. Во свет кој е под континуиран напад на сè подобро организираната и сè повеќе насилната крајна десница, медиумите се последното прибежиште за фактите. И првото место каде што моќните политичари и трговците со влијанија ги ставаат своите канџи.

Новинарките и новинарите и нивните уредништва се првите цели на било кој напад, било да се работи за политика или за војна. Тие се бојното поле на хибридната војна против демократијата и човековите права што ја водат диктаторите како Путин и дузина такви како него, расеани низ светот, помали, поголеми, прикриени или разгоропадени. Политичките, воените, економските и еколошките кризи им дадоа простор на медиумите, но исто толку ги претворија во мета на напади и контрола. Затоа што:

„Кој ја контролира информацијата, го контролира светот“ (д-р Стивен Френклин во „Вавилон 5“).

Или, уште подобро:

„Кој ги контролира медиумите, го контролира и умот“ (Џим Морисон).

Медиумите се современата Голгота каде што се распнуваат фактите.

Пропагандистите со новинарски беџ се карнифексите што им ги забиваат шајките на прогресивните интелектуалци, политичари, активисти и нивни колешки и колеги во новинарството. Технолошкиот напредок донесе неограничени можности за навремено информирање. Настаните може да се следат во реално време. Никој не може да се скрие од камерите.

Истовремено, технолошкиот напредок обезбеди и неограничени можности за ширење на пропагандата и дезинформациите. Како што настаните може да се следат во реално време, така и фактите се манипулираат во реално време.

Така, светот дојде до времето на пост-вистината, кога емоциите одлучуваат за „вистинитоста“ на фактите.

Ова е ера на 24-часовна „забава“ со вести, кога линијата меѓу фактите и пропагандата често ја нема, а сето тоа се пакува во „објективни“ и „непристрасни“ вести во кои се воспоставува „баланс“ меѓу засегнатите страни, односно извори.

Лажната рамнотежа во медиумското известување стана главна лансирна рампа за пропагандистите кои во овој унесреќен израз најдоа одлично тло за релативизирање на фактите и реалноста. Така, дојдовме до апсурдот.

„Балансираните“ медиуми им даваат пет минути на жртвите, но и пет минути на злосторниците. Тоа е „фер“ известување. Со таа разлика што жртвите често не можат ни да проговорат, бидејќи се заплашени, повредени или – мртви.

Медиумите што креираат и дистрибуираат дезинформации и пропаганда се неспоредливо повидливи и поприсутни. Тие имаат повеќе пари, многу често и „црни“, не ги следат професионалните и етичките стандарди и – немаат одговорност. Меѓу другото, тоа е причината зошто се и побрзи и пробиваат насекаде.

На другата страна се оние што се обврзуваат себеси со етички и професионални стандарди, не се кријат во сенката на анонимноста и се одликуваат со јасна уредувачка политика, со одговорност и принципиелност. За да продуцираат медиумски содржини соодветни на сите тие принципи, ним им требаат и повеќе финансиски средства и повеќе време. А ги немаат ни двете доволно.

Пропагандистите од своите ровови и подруми мобилизираат мали армии тролови кои неуморно мразат и се закануваат на социјалните мрежи.

Нивната врева ги задушува фактите. Уште пострашно, говорот на омразата, заканите и честите напади ги обесхрабруваат новинарките и новинарите, па затоа често се откажуваат од битката за професионално и одговорно новинарство. Се чини дека медиумите се притиснати од две страни – од центрите на моќта и од разјарената и сè помалку писмена публика. Всушност, изворот е ист, колку и да не изгледа така.

Првата задача на пропагандата е да ги расколеба луѓето во нивната потрага по фактите. Кога ќе успеат во тоа, тие лесно можат да им ја осуетат потрагата по вредностите и да им ја разнишаат довербата во институциите, науката, правдата. Да им ја прекројат реалноста.

За пропагандата сосема доволно е да „докаже“ дека не постои една вистина, дека секогаш постојат најмалку две вистини. Дека „сите се исти“. И дека секогаш има едно „ама“.

Погрешно. Тотално погрешно. Нема две вистини и не се сите исти. Нема „ама“. Агресорот е агресор, убиецот е убиец, силувачот е силувач, жртвата е жртва. Фактите се едноставни. Нивното откривање може да биде тешко. А потоа и нивното толкување. Но силувачот, убиецот, агресорот не се исти како и нивните жртви. Никогаш. Малата Тања од Мариупол не може да биде виновна за ниту една друга војна во минатото, сегашноста или иднината. Нема две вистини за неа. Една е вистината. Таа умре од жед, покрај мртвото тело на својата мајка, под урнатините на својот дом што го бомбардираа руските агресори.

Идејата за „најмалку две вистини“ е пропаганден трик на оние што сакаат да ги релативизираат злосторничките акти. Фактите се факти. Пропагандата е пропаганда.

Од тука можеме да почнеме. Или да завршиме.


Текстот е напишан по повод Светскиот ден на слободата на медиумите. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ