• Latest

Можеш ли да замислиш?

March 8, 2022

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Можеш ли да замислиш?

March 8, 2022 19:17
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Посветено на малата Тања од Мариупол, Украина.

ЏАБИР ДЕРАЛА

Можеш ли да замислиш да излезеш сама на рекреација, до врвот на ридот, во близина на твојот град или село, а притоа да заборавиш да си земеш шише со вода?

Си пешачела веќе половина час меѓу дрвјата, си направила неколку селфи фотографии во природа, си ги споделила на Инстаграм и сакаш да се наградиш со голтка вода. Го нема шишенцето! Леле! Си го заборавила дома, кога ги менуваше патиките за пешачење, бидејќи овие ти се поудобни. До врвот има уште 300-400 метри воздушна линија, но сигурно имаш за качување барем уште половина час. Беља!

Имаше ли некое поточе на патеката? Како ќе издржиш уште половина час без вода, додека се качуваш по стрмната патека? Ќе има ли некој со тезга да си купиш вода горе? Дали можеби е подобро да се вратиш дома? Овие и многу други прашања и нервози ти се свртат низ глава. Многу непријатно, навистина.

*

Сега замисли си дека имаш шест години. Девојче, заробено во урнатините на сопствениот дом.

Наоколу паѓаат бомби, се тресе земјата. Се слушаат и рафали. Крикови.

Ја гледаш мајка ти. Неподвижно е. Ја поттурнуваш, ѝ зборуваш. Поминуваат часови. Мајка ти е неподвижна. Мајка ти е мртва.

Со време се навикнуваш на гладта и на неподвижното тело покрај тебе. Не можеш да излезеш, ѕидовите се навалени, вратата е блокирана.

Плачеш. Заспиваш во солзи. Се будиш. Гладна. Ти се пие и вода.

Со секоја измината минута, сè повеќе сакаш да се напиеш вода. Ја голташ сопствената плунка, се облизнуваш. Бараш вода низ усната шуплина, сѐ додека усните, устата и грлото не ти се исушат толку многу што дури и кога дишеш те боли.

Почнува да те боли главата. Не можеш веќе ни да се движиш од силни грчеви во нозете и рацете.

Имаш само шест години, не знаеш дека тоа се симптоми на дехидрација.

Повторно ѝ се жалиш на мајка ти. Таа молчи. Студена е. Од нејзиното тело се шири силен мирис. Ѝ се лутиш, ѝ велиш дека ти се пие вода. Таа молчи. Солзите ти го стегаат грлото. Жедна си. Толку жедна не си била никогаш. Нејасно ти е. Сѐ ти е нејасно.

Зима е. Студено.

Од жедта почнува да ти студи уште повеќе. Пак плачеш, но не можеш да си го слушнеш гласот, затоа што си речиси глува од експлозиите. Немаш солзи. А плачеш.

Ти се мати во главата. Сè те боли и многу ти е студено. Тонеш.

По некое време, не знаеш колку, ги отвораш очите.

Мајка ти излегува од бањата, си ја брише мократа коса со снежно бел пешкир. Ти се смешка. Ти носи чаша вода. Посегнуваш со малото раче кон чашата, но многу си уморна. Чашата ти е на дофат на раката, но не можеш да ја допреш. Мајка ти те допира со другата рака по образот. Ги затвораш очите.

Умираш.

Имаш шест години. Си умрела од жед, покрај својата мртва мајка, затрупана во урнатините на твојот сопствен дом. Сама. Придружена од звуците на експлозиите од руските ракети и бомби. Сама и жедна, во Украина, март, 2022.


Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ