• Latest
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Одбрана, мир, сигурност

October 4, 2026

Изборите во БиХ ја потврдија поларизацијата: Додик останува фактор на нестабилност, европскиот пат неизвесен

October 5, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

Како националниот идентитет стана штит за академската просечност

October 5, 2026

Студентите во новата академска година: Многу очекувања и проблеми, малку одговори

October 5, 2026
Урсула фон дер Лејен, Албанија, турнеја низ Западен Балкан, 1 октомври 2026 (фото: EU debates - eudebates.tv)

По турнејата на Фон дер Лајен низ Западен Балкан: Кој забрзува, а кој стои во место?

October 5, 2026
Кијив, окт. 2026

Деноноќен руски терор врз цивилите во Украина: Погодени мостови и домови, има загинати и повредени

October 4, 2026

Србија на раскрсница: Кога лидерот станува систем, а изборите борба за спас

October 4, 2026

КОЈ ЈА ПРЕЗЕМА МОЌТА ВО БАНКИТЕ: Капиталот, политиката и врската Скопје – Белград

October 4, 2026

Удбашка култура: Модел на владеење што го надживеа системот

October 4, 2026
Александар Вучиќ, 27 септември 2026 (фото: ФБ/А. Вучиќ)

Србија пред избори: Вучиќ со Арена и „странски служби“, студентите од врата до врата

October 4, 2026
Днипропетровск, 3 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Нови воздушни напади, жестоки борби и цивили заробени меѓу гладот и мините во Олешки

October 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Одбрана, мир, сигурност

Или: за нашата способност за отпорност кон руските закани

October 4, 2026 09:40
in АНАЛИЗИ, БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Оливер Андонов

Колумната не е мотивирана од политичкото и во секој поглед бледо интервју на Мисајловски, ниту пак од божемните активноста на АНБ за сузбивање на руска пропаганда и влијание.

Одбраната, мирот и сигурноста зависат од подготвеноста на општеството за одбрана и неговата отпорност кон разните ризици и закани.

Мирот не е исклучиво состојба во која нема војна. А војната не е само вооружена борба, жртви и разурнувања. Мирот може да се наруши на многу начини, а војната може да биде „бескрвна“, но со исто така страшни последици врз општеството и поединецот.

Сигурноста е континуирана состојба која се движи од личната сигурност, па нека е тоа и базичното чувство на сигурност, па сѐ до сигурноста на државата, на нејзиниот уставен поредок и политички или економски систем, вклучително и многу важно, почитувањето на човековите права.

Без намера да влегувам во заморни и за мнозина од читателите, посебно за политикантските структури, но и за поединци во академската заедница, неразбирливи теориски расправи за ризиците и заканите, сигурноста, мирот, одбраната, одвраќањето и војната, на почетокот на оваа колумна, наједноставно дадов дефинирање на поимите со кои ќе се сретнеме.

Ајде да бидеме сериозна држава, како што посака професор, доктор, премиер и институција Мицкоски, додека во меѓувреме несериозно објавува сомнителни слики со Трамп. За да се биде сериозен потребно е и здраворазумски да се размислува, да ја антиципираме иднината, посебно низ призмата на ризиците и заканите кои надоаѓаат, а кои можеме да ги превенираме или за кои може да се подготвиме за да го намалиме нивниот разорен ефект.

Тоа не значи дека доколку се правиме дека истите не постојат, тие – заканите ќе нѐ одминат. Не нема да нѐ одминат, посебно хибридните кои секојдневно ги гледаме пред наши очи. Ги гледаме и не ни текнува за што се работи, па по социјални мрежи фаќаме страни. Тоа токму покажува колку како општество не сме отпорни на ризици и закани, а посебно на руските хибридни закани и малигна пропаганда.

Таквите закани не ги гледа професор, доктор, премиер Мицкоски и дозволува да се организираат пријателски фудбалски натпревари помеѓу Македонија и Русија. Навистина, за младинци и јуниори, но тоа е најмалку важно, бидејќи на тој начин Русија излегува на меѓународна сцена и посебно во Македонија го реализира своето влијание.

Не верувам дека Масер Омерагиќ, претседателот на ФФМ, без дозвола, па дури и барање на Мицкоски би одобрил вакви натпревари покрај забраната од страна ан ФИФА и УЕФА за официјално учество на Русија на меѓународни фудбалски натпревари како дел од санкциите поради агресијата врз Украина.

Сега да се запрашаме, колку е искрена желбата на професор, доктор, премиер Мицкоски, Македонија да биде дел од ЕУ? Но да се запрашаме, дали АНБ е слепа при очи и бара поединци кои спроведуваат руско влијание, а тој ѝ е пред очи? Па да не се чуди како паднат од дрво, и да се прави на удрен, кога медиумите ќе му кажат дека Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија добиваат „патоказ“ од ЕУ за забрзување на преговорите и полноправно членство, а нас нѐ нема никаде. Патем ќе видиме како ништо ново нема да му каже Фон дер Лајен на чија посета професор, доктор, премиер Мицкоски се крсти како добра ПР можност, но и се тресе од тоа што го очекува.

Да биде поинтересен овој наш Македонски, анти-ЕУ и про-ЕУ судир, ќе кажеме едно големо БРАВО за Живко Мукаетов кој на 360 степени јасно кажа дека бизнис групацијата и стопанствениците – Стопанската комора во Македонија не се против членството на Македонија во ЕУ, туку дека тоа го посакуваат што побрзо. Нели професор, доктор, премиер Мицкоски се фалеше со сопственото пријателство со Стопанската комора и Мукаетов лично – по сѐ изгледа не му е работата баш за машала и таму.

За што сега да зборуваме повеќе, за Бугари во Устав, за „некоректната“ ЕУ, за „успешната“ екскурзија на Мицкоски во САД или за она што преку безобразниот ПР се обидуваат да ни го наполнат в глава и продаде како вистина, по враќањето на професор, доктор, премиер Мицкоски од САД, а за што во минатата колумна ви пишував и не погрешив.

Сепак, да зборуваме за денешната тема на колумната – одбраната, мирот и безбедноста како основа за развој на секое општество. Секако, одбраната и безбедноста се поврзани но различни термини, посебно во однос на креирањето на политиките, што пак на министерот за одбрана, Мисајловски и по две и пол години не му е јасно и не го разбира. Што би рекол професор, доктор, премиер Мицкоски: „Нели Кендо е добар, а“? Супер е! Најдобар! Ќе го видиш тоа на избори Христијане, посебно од вработените во Армијата и во одбраната.

Иако хибридните закани од Русија, односно во организација на кремљските институции и со нивни пари се основа на загрозувањето врз македонското општество, тоа не значи дека не може да дојде и до реално воено загрозување. Да, свесно избегнувам во овој момент да пишувам детално за руските хибридни закани, затоа што тогаш ќе треба да направам цел водич за истите. Почнувајќи од однесувањето на руската амбасада во Македонија и нејзините соопштенија, преку „чудните“ портали на YouTube кои егзистираат во Македонија и регионот и секојдневно нѐ опсипуваат со лаги и дезинформации, состојбите во Православието и посебно „расправите“ во и околу односите на МПЦ-ОА со Константинополската патријаршија, па сѐ до пропагандата за руската надмоќ. Некакво си моќно тајно оружје, подготвеност за употреба на нуклеарно оружје, заканите врз НАТО за негова употреба и провокациите врз НАТО членките во Литванија, Полска, Романија, Германија, па сѐ до  „успесите“ во Украина, или збрките во политичката позиција на Бугарија, откако Унгарија се откачи од Москва и сега трпи директни закани дури и самиот Маѓар, а секако и влијанијата врз Македонија и нашата – владина политика која сѐ појасно си го покажува вистинското лице како анти-ЕУ во лицето на професор, доктор, премиер Мицкоски. Нема да образложувам ништо од ова. Сето тоа е поврзано со одбраната а на прво место нашата, македонска, на македонското општество – отпорност.

Ќе пишувам за нашата одбрана, како втор дел од отпорноста. За тоа колку Македонија е подготвена за одбрана. Не во смисла на подготвеноста на Армијата за водење на вооружена борба. Тука Мисајловски ќе ви се пофали дека сме ги добиле најдобрите оценки. Дали да плачам или да се смеам? Одбраната министре, не е само подготвеност на една декларирана единица во НАТО, таа не е ниту само состојбата и борбената готовност на Армијата, таа е токму нераскинливо поврзана со градењето отпорност кај населението, бидејќи населението – македонските граѓани учествуваат во одбраната. Секој од вас, драги мој сограѓани нека си го постави прашањето: „Доколку дојде до агресија врз Македонија, односно започне војна, што треба јас да правам, каде треба да одам“? Одговорот самите ќе си го дадете, а решението не е масовно бегање од државата.

Каде сме ние со одбраната конкретно? Откако Црвенковски заради свои политички цели го укина служењето на воениот рок, некој „генијалец“ ја укина регрутацијата. Потоа започна дваесет годишната јалова расправа за тоа каква треба да ни биде резервата. За наша жал, ниту еден од министрите за одбрана досега не се зафати со решавање на оваа прашање, како законски (современ закон), уште повеќе оперативно. Едноставно никој (со исклучок на поединци) не знае што е тоа мобилизација и како истата се спроведува. Како се формираат воените единици од резервен состав, за кој временски период, како се заштитува критичната инфраструктура на државата која треба да овозможи извршување на мобилизацијата, односно преоѓање на државата од мирновремено во воено функционирање и стабилност на секојдневните потреби и функции во општеството, па сѐ до прашањето за служење на воен рок како задолжителна воена обврска, а за работната обврска и да не зборуваме.

Интересно е како за сѐ што јавно ќе проговорам, подоцна, откако ПР-от ќе почека барем една година, за да се заборави во јавноста дека професорот Андонов навреме укажал за пропустите и дал препораки што и кој треба нешто да направи, тоа и се прави. Секако времето како фактор, ПР-от го интересира само како време на заборавање, а не и како изгубено време на штета на Македонија.

Така, уште минатата година предупредив дека е неопходно и итно потребно да се донесе Закон за критична инфраструктура кој во однос на членството во ЕУ за нас претставува услов (benchmark). Секако, откако претходно „one-man show“ избран од Петровска беше принуден во соработка со експерт од ЕУ (наш универзитетски колега) да го подготви истиот, со формално учество на „тим експерти“ од Македонија, од кој тим, некои не сакаа да учествуваат во работата, токму заради „one-man show“. Но кој не ги прифаќаше советите  од експертот и препораките на ЕУ, па законот со голем притисок од ЕУ се состави некако, но истиот не се донесе на време, поради што со новите директиви на ЕУ стана без предметно да се носи.

Сега, цела година откако јавно го прозвав Мисајловски и укажав на оваа состојба и над сѐ – потреба, Законот за критична инфраструктура ќе го подготвува Воената академија. Поточно, тим од Воената академија за кои некој мисли дека треба да остане во тајност. Еве јас го знам составот на тимот, не остана во тајност, министре, и затоа останува токму Вие, министре, да кажете на јавноста, колкави ќе бидат хонорарите на експертите, врз основ на кој критериум ги избравте колегите, дали наставно-научниот совет расправаше за оваа исклучително значајна, потребна и ургентна активност за Македонија, и кого наставно-научниот совет ви препорача, доколку воопшто ви препорача?

Објаснете ѝ на јавноста министре, дека целиот процес на подготовка и донесување на законот е по иницијатива на Civil policy / Common policy на Франција (le continuum sécurité-défense) во контекст на ЕУ и дека во процесот како советодавен тим од ЕУ учествуваат експерти од Франција, Италија и Хрватска.

Не е важно како поминал првиот состанок во Скопје, за впечатоците на експертите нема да коментирам, но за мене како универзитетски професор, а уште повеќе за македонските граѓани важно е да имаме соодветни информации за овој процес, предвидливост (омилениот збор на професор, доктор, премиер Мицкоски) кога ќе заврши процесот, и кога законот ќе влезе во собраниска процедура за да имаме јавна расправа, на која покрај забелешките и сугестиите од советодавниот тим ќе се соочиме со моментот на вистината.

Е сега, ајде да кажеме неколку зборови за другите прашања кои погоре ги споменавме, а се поврзани со одбраната и подготовката на општеството – населението за одбрана.

Најпрво, неопходно е да се донесе (по итна постапка) нов и современ закон за воена служба (тоа е различно од законот за служба во армијата) и истиот се однесува на извршување различни служби во услови на војна. Делумно, овие обврски се регулирани во законот за одбрана, но претпочитам нов и современ закон за служба во воени услови, бидејќи и условите за одбраната и војната се изменети. Впрочем, потполно е изменета филозофијата на војната, а поради тоа и физиономијата на војната. Во тој закон мора да биде регулирана најпрво регрутацијата и тоа да се изврши регрутација ретроактивно, на сите оние генерации македонски граѓани (без разлика на пол, етничка и верска припадност и образование) кои се родени 1990 година и подоцна, а кои поради политикантски цели и глупост, не беа ставени во системот за одбрана и не поминаа процес на регрутација. Ова е исклучително важно за да се види со колку луѓе, какви социјални, општествени, образовни, експертски, работни и секакви други профили располага државата, односно каков човечки потенцијал имаме.

Во овој контекст, воената обврска или обврската за служба во случај на војна, која по автоматизам доаѓа со регрутацијата, не се однесува исклучиво на служба во Армијата, таа може да биде, работна обврска, обврска за служба во резервниот состав на Полицијата или во единиците на ДЗС, па дури и во АНБ и АР. Војната е сериозна – животно важна работа за целото општество која бара воен напор од сите институции и граѓани на Македонија.

Со овој закон и неговата операционализација несомнено дека ќе има потреба од обука на регрутираните, како за потребата на Армијата (резервни војници, подофицери и офицери), лична обука и нивно воено образование преку курсеви и други облици на неформално образование и обука, па сѐ до специјалистичка обука за потребите на Полицијата и безбедносните служби како и за потребите на ДЗС, посебно во однос на организацијата на тревожење, евакуацијата на населението, спасувањето и расчистување на урнатини и асанација на теренот, па сѐ до исхрана на загрозеното и санитетско згрижување на настраданото население.

Сите овие активности ги изведуваат луѓе, луѓе кои мора да бидат обучени и оспособени за извршување на задачите и предизвиците со кои ќе се соочат. Посебно е важно да се обучат луѓето кои ќе раководат со единиците на сите нивоа, кои ќе бидат способни да планираат и да спроведуваат активности за реализација на задачите во сите можни услови, да командуваат со единиците на разни нивоа и да ја организираат работата на штабовите. Постигнувањето на сето ова е поврзано со воведување на задолжително служење на воен рок, секако во современи услови по принципот на некогашната „предвојничка обука“, каде што времетраењето би било не долго и со неопходни нивоа на обука кои би ги детерминирале во три области: поединечна – лична обука, санитетска обука и АБХ заштита, и обука во управување со дронови.

Секако, потребата од соодветна опрема и вооружување, за Армијата и Полицијата, е повеќе од неопходно. За да се постигне и достигне и овој сегмент на одбраната, мора најбрзо да се формираат државни претпријатија во воената индустрија, а со постоечките приватни да се стапи во заеднички проекти, но исклучително е важно да се убедат странски компании за воена индустрија од партнерски држави да барем нешто инвестираат во Македонија. Ова е многу важно, пред сѐ, за да се овозможи брзо создавање на нов човечки кадар во Македонија способен за воено инженерство, работа во воената индустрија и совладување на современите технологии.

Како и за сѐ друго, и за оваа активност потребна ни е помош од нашите сојузници, а тие се подготвени да ни помогнат. Впрочем Обединетото Кралство предложи и врз основа на тој предлог се започна со организација на анти-балистички и анти-нуклеарен чадор над земјите во Балтикот.

Европа се подготвува, додека ние спиеме во блажен сон и се занимаваме со блесав локален ПР. Патем, кога сме кај Обединетото Кралство, само да потсетам дека сѐ уште ништо не гледаме од стратешкото партнерство и петте (шесте) милијарди евра во инфраструктура, а кажа професор, доктор, премиер Мицкоски дека најдоцна до октомври годинава ќе се започне со реализација на проектите. Предупредив уште пред година и половина и потоа и во октомври 2025 кога професор, доктор, премиер Мицкоски беше во Лондон, дека нема ништо да има од тоа. Не ме прашувајте како знаев, не ми кажа врапчето. Едноставно, ги познавам луѓето и професор, доктор, премиер Мицкоски.

Затоа и сега повторно по кој знае кој пат, апелирам дека министерството за одбрана (министерот врска нема и да го оставиме да ужива на местото) – токму министерството за одбрана треба да се зафати со брзи и сериозни анализи и планови за молскавична реакција, со цел да ја подобриме нашата македонска состојба на одбрана и отпорност. Сите останати трчаат пред нас и се свесни за недостигот од време.

Времето е исклучително важно, бидејќи веќе денес е доцна, а утре е многу доцна. Враќањето на Македонија во состојба на одбранбено подготвено и отпорно општество не е активност која ќе се спроведе за неколку месеци или за една година, но доколку се започне со интензивна работа, за 2-3 години веќе ќе имаме видливи резултати во однос на Армијата, Полицијата и дел од институциите. Тоа што ќе биде потешко, е обуката на населението и создавањето на отпорноста.

Но најтешко ќе биде, во ова да се убедат нашите политиканти и божем експерти во областа на одбраната кои климаат со глава пред министерот за одбрана (не само овој).

 


Проф. д-р Оливер Андонов е професор на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА | Сите права се задржани.


ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

Ако го цените тоа што го прави ЦИВИЛ, поддржете ја нашата работа.

Вашата поддршка ни овозможува да известуваме, да ја одржуваме платформата за демократски дијалог, да објавуваме едукативни содржини, да се бориме против лагите и да ги браниме човековите права и слободата.

Поддржете го ЦИВИЛ. Донирајте ДЕНЕСКА.

Tags: Армијаодбранарегрутацијахибридни закани
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ