Руските предлози за хуманитарни коридори за евакуација на луѓето од Источна Гута се „шега“, бидејќи населението се плаши да ги користи поради страв од воена служба, егзил и смрт, оцени американскиот Стејт департмент.
– Идејата за Русија која повикува на т.н. хуманитарен коридор, да бидам јасна, е шега”, изјави портпаролката на Стејт департментотм Хедер Нојерт,
Според неа, жителите се плашат да ги користат таквите коридори, бидејќи може да бидат повикани на задолжителна воена служба во силите на сирискиот претседател Башар ал Асад, никогаш да не се вратат во своите домови или да бидат убиени.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.