• Latest

За што се боревме?

January 17, 2018

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

За што се боревме?

January 17, 2018 14:23
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Слободата нема да знае да запее, ако робовите кои ѝ пееја, сега молчат и ѕенѕаат во место, колку да се фатени во орото…

Пишува: Синиша Станковиќ

Македонија безмалку триесет години живее во истиот филм – турни ме да кинисам… Се тетерави „две напред-едно назад“, ѓоа оди по жица над амбис – ги батали старите, а не изгради нови, општоприфатени вредности – секојдневно осиромашува на материјален и на духовен план, додека градовите без млади луѓе им го преземаат „приматот“ на цел век опустените села, и зацапана во својата и во туѓата историја, нема храброст да пресече и едноставно, не може да го направи изборот на џадето кон иднината…

Денеска прочитав дека професорка, колумнистка, по три-четири години најавува оти престанува со пишувањето колумни, го затвора профилот на Фејсбук и разочарано констатира дека и по сè што се случи во Македонија, сè уште добива „скришно-охрабрувачки коментари со она неизбежно ‘оправдување’: јас не смеам да ставам лајк или да коментирам затоа што треба да се вработам, треба син ми да се вработи, чекам унапредување, чекам астероид да ја пукне Земјава…“.

Синдромот „ведни глава“ и „ќути-трај, ќе биде полошо“, така, уби уште една поединечна надеж. Дека конечно ќе ни тргне на поарно. Шаренилото кое толку ни ги грееше срцата и душите, како да избледува, а од палетата, како повторно да избива на површина само (по) една боја. И покрај многуте можности за „мулти“, пак се ѕидаат етнички трла… Игор Национале некогаш одамна пееше/предвидуваше: „Нема спас од политичари/ Нема спас од исти комичари/ Ни вас, ни нас/ ни нема спас…“.

Пред три децении, една група од 5-6 аздисани пилиштари во новинарството, израснати ем во извидничките логори, феријалните одморалишта и населбите на работните акции, ем на градилиштата и на овоштарниците во Грција, на кои не им се чекаше да дипломираат за да се преселат во неразбрануваната атмосфера на НИП „Нова Македонија“ или на МРТВ, се собра во младинскиот весник „Млад Борец“. Барајќи и други нијанси, други бои, освен црвената, групата почна да бара одговори. За црните петна и за белите дамки во историјата на независна Македонија (онаа од 1945-та) и за ретушираните црно-бели фотографии од кои, во борбата за власт, исчезнувале дел од комунистичките првенци, за човековите слободи и права и за цивилното општество, за иднината на Југославија…

На крајот на осумдесеттите години, самите новинари, на импровизирани тезги (масички, гајби и картонски кутии) го распродававме магазинот што го правевме и го допечатувавме и се фалевме со копираните примероци, скришум делени меѓу вработените во државните институции… Оти, верувавме дека правиме нешто вредно! Бевме горди! Додека малку од малку, не се свестивме… Дека покрај оние кои нè удираа по рамо и некритички нè прогласија и за револуционери и за дел од некаква „македонска пролет“, таму беа и оние кои нè искористија, оние вештите играчи&балансери, при нивните неверојатни трансформации од полит-комесари во демократи или од самоуправни директори во новопечени тајкуни…

Едвај година-две, откако ние од „пролетта“ си заминавме, секој на своја страна, нè поканија заедно со постарите колеги од претходните генерации, поранешни уредници, во свечениот број по повод 50-годишнината на „Млад Борец“, да напишеме по една колумна, со заеднички наднаслов „За што се боревме?“.

Правејќи си некои рекапитулации, всушност, средувајќи го орманот дома колку да се најдам во работа, неодамна, го пронајдов примерокот на свечениот број. Читав и не знаев дали да се смеам или да плачам. Тогашната резигнација, сега е само подлабока… Навистина ли сè беше бадијала? За што изарчивме во Македонија три децении? За лет во место?

За што се боревме? Во тој март 1994, одговорив и колумната ја насловив „Бадијала“ и пишував за што НЕ се боревме и за она за што мислевме дека се бориме… Резигнирано до балчак. (Еден постар колега, тогаш напиша дека е вџашувачки што на целата таа генерација, за само пет-шест години дотолку ѝ се срчосале идеалите. Зашто, насловите на колумните на „пролетните“ новинари во свечениот број на „МБ“, односно „одговорите“ на наднасловот „За што се боревме?“, покрај „Бадијала“, беа, на пример, и: „Чисти сметки, господа!“,„Зошто се лизнавме на кора од банана?„, „Кока-Кола демократија“, „Има ли муза нашата кауза“…).

Многу вода протече оттогаш низ Вардар, кој каков-таков, и без кораби, врби и панорамски тркала, низ годините си ја красеше Македонија… Одамна не сум веќе ни млад, ни не знам каков борец (иако сакам да верувам дека сè уште го почитувам и како кредо го имам слоганот на некогашниот „МБ“, посветен на сите власти – „Ве имаме на нишан!“), а променив и едно чудо редакции во кои еланот и разочарувањето се сменуваа, според случувањата на медиумската и политичката сцена… Но, откако средношколците и студентите нè разбудија, и мене, и илјадниците луѓе од мојата и од другите генерации, кои за жал, претходно дозволија ојлевци-дојлевци да решаваат за судбината на нивната држава и за иднината на нивните деца, ѝ се вратив со нов елан на идејата за Шарена Македонија. Мојата Македонија. И пак, бев горд. Остарен, ама горд…

Само, последниве месеци, сè почесто ме фаќа страв. Знам дека слободата нема да знае да запее, ако робовите кои ѝ пееја, сега молчат и ѕенѕаат во место, колку да се фатени во орото… Има ли спас? И за Вас и за Нас? Искрено не знам, каков одговор/наслов денес би ставил на колумната, со наднаслов „За што се боревме?“… Белки не беше повторно сè – бадијала?

Tags: „Македонска пролет“бадијалаМлад БорецслободаШарена Македонија
Share134TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ