• Latest

За сигурен напредок на младите, потребни се сериозни чекори и соработка на регионот

August 11, 2022
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

За сигурен напредок на младите, потребни се сериозни чекори и соработка на регионот

August 11, 2022 14:53
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

За да се обезбеди сигурен напредок на младите, потребни се сериозни системски зафати кои ќе резултираат со забрзан економски раст, искоренување на корупцијата и осовременување на образованието. Младите ја заслужуваат поддршката од институциите и треба да соработуваат меѓусебно, порачаа учесниците на денешната меѓународна конференција посветена на младите од Балканот, пренесува МИА.

Конференцијата ја организираше Агенцијата за млади и спорт по повод Меѓународниот ден на младите, а главниот акцент беше ставен на предизвиците на младите во регионот и на унапредување на соработката.

Според претседателот на државата Стево Пендаровски, чие обраќање беше прочитано на конференцијата, добрата вест е што младите веќе се вклучуваат во процесите на носење на одлуки и креирање на политиките на централно и локално ниво.

– Пример за тоа се Законот за младинско учество и младински политики, новата стратегија за млади, работниот текст на Законот за младинска работа. Во новите документи би ја додал и рамката за развој МКД 2030 како заедничка платформа за развој на Северна Македонија. младите беа вклучени на секоја етапа во изработката на МКД 2030, се потенцира меѓу другото во говорот на претседателот Пендаровски.

На конференцијата присутни беа и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, српскиот министер за млади и спорт Вања Удовичиќ, министерот за млади и спорт на Црна Гора, Василије Лалошевиќ, како и претставници на младински организации од Србија и Албанија.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски посочи дека со вложувањето во младите, се вложува во иднината.

– Младите ја заслужуваат целата поддршка од институциите, а ние вложувајќи во младите, вложуваме во иднината. Целта е заедничка соработка за големи успеси на сите млади во регионот. Ние немаме друга алтернатива освен да создаваме мостови на поврзување на младите и да го трасираме патот по кој тие можат да се реализираат и да бидат промената што сите ја сакаме, рече Мојсовски, додавајќи дека Отворен Балкан нуди нови перспективи и шанси кои обезбедуваат сигурен напредок на регионот.

Според Мојсовски, младите од регионот се соочуваат со истите предизвици и потребно е да се организира заедничка тематска седница за млади.

– Заедничка соработка на ресорните министерства и агенции можат значително да ја подобрат меѓународната соработка на младите, со тоа и условите за напредок на младите луѓе. Затоа мој предлог ќе биде во рамки на иницијативата Отворен Балкан да организираме заедничка тематска владина седница за млади и заеднички да ги детектираме бројките и мерките кои ќе значат подобро денес, а и подобро утре за сите, со цел да ја покажеме на дело нашата силна заложба за младите, посочи директорот на АМС.

Српскиот министер за млади и спорт Вања Удовичиќ посочи дека е важна мисијата на Западен Балкан кога се работи за соработката на младите, додека министерот за млади и спорт на Црна Гора, Василије Лалошевиќ смета дека треба да им се дадат повеќе можности на младите. Лалошевиќ посочи дека според најновите истражувања, 45 проценти од младите во Црна Гора сакаат да излезат надвор од државата.

Заменик министер за образование и наука Лулзим Алиу посочи дека земјите од регионот се соочуваат со голем број предизвици но сепак изрази убеденост дека младинската конференција ќе ги постигне посакуваните цели каде што младите меѓусебно ќе се поддржуваат, соработуваат и ќе се натпреваруваат со конкуренцијата во однос на едукативно-интелектуалното поле.

Конференцијата се одржа во рамки на Неделата на млади, а за утре, според најавите, е предвидено доделување на награди за младинско учество во претседателската вила на Водно и забава за младите кај Школка во Градски парк.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ