• Latest

За видовите политичари во Македонија

July 25, 2020
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

За видовите политичари во Македонија

July 25, 2020 12:17
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА

Политичар е колоквијален израз со кој се опфатени повеќе видови и подвидови од родот politicus – луѓе кои влегле во политиката и успеале (во некој момент од својот живот) да имаат висока функција во власта (пратеник, претседател, премиер, министер, заменик министер, градоначалник, советник, …).

На територијата на Македонија се распространети повеќе видови и подвидови политичари. Тие се најконцентрирани во главниот град Скопје и околината, меѓутоа ги има и во други градови и помали населени места.

Се размножуваат со проста делба и нивниот број е обратно-пропорционален со бројот на население во државата.

Како најчести во Македонија може да ги издвоиме:

  1. Политичари – бизнисмени.

Тие влегуваат во политиката со многу јасна цел – да го обезбедат, развијат и размножат својот бизнис.

За нив политиката е бизнис.

Се’ се продава и купува. Само кажи цена.

Нема лоши и добри политики, туку има политики кои се погодни или непогодни за нивниот бизнис.

Законите се во функција на заштита на нивниот бизнис и треба да се менуваат согласно потребите за остварување што е можно поголема лична добивка.

  1. Политичари – хохштаплери

Тоа се измамници од различен калибар (ситни џепџии – ќесеџии, шмеќери, шарлатани, изнудувачи, продавачи на магла, лихвари, измамници од висок калибар…).

Тие ја користат наивноста на граѓаните и довербата која граѓаните ја имаат во институциите за лажно прикажување на нештата и за прикривање на факти со што ги доведуваат граѓаните  во заблуда и ги наведуваат да делуваат на сопствена штета и против сопствениот интерес.

Политиката ја користат како заштитен механизам кој им обезбедува неказнивост.

  1. Политичари исфрустрирани кецарошчиња

Тоа се луѓе кои се интелектуално инфериорни, кои во текот на образованието биле инфериорни, кои не успеале да се изградат и да бидат препознаени како стручњаци и професионалци во областа во која се школувале и кои биле поттурнувани на страна од средината од која потекнуваат.

Тие во политиката гледаат начин како да стекнат моќ и признание од средината. Многу се опасни поради тоа што тежнеат кон тоа да се опкружуваат со интелектално уште поограничени од себе, насилни се кон секој оној кој е зависен од нив, а понизни пред хиерархиски повисокиот (се’ додека не успеат да му забодат нож во грб, а што редовно им успева).

  1. Млади и надежни политичари

Тоа се политичари кои во политиката влегле непосредно од школска клупа.

Најчесто се доведени од страна на некој ментор со цел да бидат едноставно манипулирани.

Имаат многу високо мислење за себе, лесно ги превезуваат жедни преку вода поискусните играчи во политиката или ординерни хоштаплери, потклекнуваат во кризни ситуации и склони се на мешање на политиката и забавата (журки, женски / машки, алкохол, дрога, брзи коли, …). Отсуството на искуство го маскираат со младешка ароганција, не ја разбираат одговорноста, а грешките се секогаш на некој друг.

Лесно се препознаваат по синдромот – мачката ја скрши вазната или, автобусот задоцни и затоа не можев да стигнам, како и по колачињата од кал кои обожуваат да ги прават и да им ги нудат на граѓаните како вистински.

Тие горат бурно, но и брзо согоруваат оставајќи зад себе непријатна миризба и многу пепел (како секое зелено дрво за огрев).

Подвид на младите и надежни политичари се политичарите кои некогаш биле млади и надежни и по игра на случајот повторно влегле во политичките води.

Тие се прегорени и јалови. Прават се’ што правеле како млади, што ги прави гротескни фигури на политичката сцена, немаат да понудат ништо ново, и, спремни се да направат се’ само да се изгрепчат за уште едне мандат на било која функција.

  1. Политичари марионети.

Овој вид политичари може да се појават во повеќе подвидови: пинокио, крпени кукли, сенки, плишани кукли, кукли кои се навлекуваат на рака или на прсти, …

Тие се нечија продолжена рака и само навидум или многу од далеку наликуваат на самостојни индивидуи.

Тие отвораат уста како да кажуваат нешто, а всушност станува збор за илузија која ја создава тој кој зад нив навистина зборува, дигаат рака кога ќе биде повлечено јаженце, расфрлани се наоколу со цел создавање привид на плуралитет, ги шуткаат кога ќе изветват и лесно се заменливи со понови модели.

Овој вид најчесто се среќава во Собранието.

  1. Збунети политичари

Тоа се политичари кои по некоја чудна игра на случајот влегле во политиката. Знаат дека немаат никаква врска со политика, немаат некои посебни идеи што им е улогата, немаат некоја посебна цел, многу често не ни сакаат да бидат политичари, ама некако се нашле тука и не знаат што да прават со себе.

Некои од нив се обидуваат да придонесат некако на местото на кое се наоѓаат, меѓутоа соочени со машинеријата која не ја разбираат – или брзо се повлекуваат од политичката сцена или се стопуваат во аморфната маса на марионети или пак остануваат до крај играјќи крикет на натпревар на кој се игра рагби, одново и одново изненадени од потезите на другите и пресметувањето на конечниот резултат.

  1. Политичари иделисти

Во политиката влегуваат заради идеалите во кои веруваат, со многу јасен вредносен систем кој се обидуваат да го промовираат и со цврсти принципи на делување.

Многу често идеалите за кои се залагаат немаат врска со реалноста, не виреат во актуелните услови и се потполно неспоиви со генералниот развој на државата.

Дел од нив се преобратуваат и ги попримаат карактеристиките на некој од претходно спомнатите видови.

Дел остануваа до крај идеалист и умираат за и со своите идеали, додека средината ги перцепира како херои или како лудаци.

  1. Политичари професионалци

Јас лично се уште немам сретнато претставник на овој вид во Македонија.

Слушнав гласини дека некаде во Малешевијата виделе траги од политичар – професионалец, меѓутоа, никој нема доказ за постоење на жив примерок.

 


Сите права се задржани.  ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ